Вчера во 22.00 часот било пријавено дека во маркет на улица „Дижонска“ во Скопје две лица извршиле разбојништво со закана со пиштол.
Од вработениот одзеле околу 30.000 денари од дневниот промет.
Притоа, едно од лицата испукало куршум, но повредени лица нема.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.