Возете внимателно и одговорно за време на државниот празник „Илинден“

Високите температури кои се најавуваат за оваа недела, но и традиционалното одбележување и прослава на претстојниот празник Илинден, се очекува дополнително да го зголемат интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини и кон граничните премини. Според досегашното искуство, фрекфенцијата на возила е најголема на патниот правец кон Крушево каде што традиционално се одржува централната прослава на празникот, но и кон излетничките места, езерата и планините.

Статистичките податоци за овој период од годината, во континуитет, години наназад, покажуваат дека во летниот период двојно се зголемува црната статистика на патиштата ширум земјава, односно  двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди и двојно се зголемува бројот на загинати и на повредени лица во сообраќајни незгоди. Податоците со кои располага РСБСП, од минатите години, велат дека посебно кобен за возачите на македонските патишта е празникот Илинден.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во пресрет на претстојниот празничен неработен ден, апелира до сите учесници во сообраќајот - да бидат максимално одговорни и внимателни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината спрема поставените ограничувања и кон условите на патот.

„Задолжително почитувајте ја патната сигнализација, сообраќајните знаци, поставените семафори, поставената сигнализација која укажува за патен правец на кој се извршува градежна работа, реконструкција на патот или на дел од патот на кој има можност од појава на поголем одрон. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, без исклучок. Во моментов на неколку поголеми патни правци низ републикава се изведуваат градежни работи кои на некој начин го отежнуваат движењето на возилата и одвивањето на сообраќајот и доколку не се почитува сигнализацијата, може да дојде до сообраќајна незгода“ – велат од РСБСП.

Особено бидете внимателни на патниот правец од Стража кон Охрид каде сообраќајот се одвива со привремен сообраќаен режим и со зголемена фрекфенција на возила.

Гужвата и жештината може да предизвикаат нервоза и раздразливост кај возачите, но агресивното однесување, брзите и непромислени реакции зад воланот и донесената погрешна одлука, многупати се причина за сообраќајни незгоди кои неретко го менуваат животот на луѓето.

Особено вниманителни треба да бидат помладите и понеискусни возачи на деловите од патот кои не им се доволно познати или не им се прегледни. Воедно, треба да бидат трпеливи, толерантни и желбата за докажување и покажување да ја остават за на некое друго поле.

Според досегашното искуство, ако ги исклучиме алкохолот, брзото возење и агресијата на патиштата, а се придржуваме кон безбедно растојание меѓу возилата, прописно престигнување и толерантност кон останатите учесници во сообраќајот – секогаш ќе пристигнуваме безбедно на посакувата дестинација.

Токму затоа, крајно време е да се освестиме, крајно време е секој учесник во сообраќајот да го преземе својот дел од одговорноста, крајно време е да изградиме личен пристап и да дадеме личен придонес за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата, пристап кој ќе биде позитивен пример за другите учесници во сообраќајот.

Крајно време е да кажеме СТОП за насилната смрт на патиштата и да бидеме позитивен пример за другите учесници во сообраќајот!

РСБСП ви посакува среќни празници, добар одмор и секој од вас безбедно да пристигне на посакуваната дестинација. Не дозволувајте деновите наменети за уживање, одмор и релаксација да се претворат во трагедија. Возете одговорно!

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе