Возете внимателно за време на велигденските празници

Велигденските празници и продолжениот викенд се на прагот. Тие претставуваат добра можност да се отпатува на некоја блиска туристичка дестинација, на планина, на езеро, кај пријатели или роднини.  

Продолжениот викенд и празничните денови значат и погуст сообраќај, зголемен интензитет и фрекфенција на патиштата, а тоа влијае за зголемување на бројот на сообраќајни незгоди од кои некои и со фатални последици. Водејќи се од тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира на внимателно возење, дисциплинирано и смирено учество во сообраќајот.

Патувањата се најинтересни кога се договараат спонтано, но времето и начинот на договарање не треба да бидат причина да тргнете на пат неподготвени. Затоа, најпрво потребен е добар одмор на возачот, техничка проверка на возилото, проверка на притисокот на гумите, проверка на бришачите, на светлата, на маслото во моторот, а исто така, посебно важно е да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено правилата за ограничување на брзината, правилата за неуправување моторно возило под дејство на алкохол и прописите за правилно престигнување.

Оние кои патуваат на поблиските туристички места најчесто ги користат локалните и регионалните патишта и треба да имаат предвид дека освен возила, на овие патишта за време на празниците има голема фрекфенција на пешаци, велосипедисти и на мотоциклисти. РСБСП потсетува, бидете особено внимателни, прилагодете ја брзината кон условите на патот и бидете максимално концентрирани за време на управувањето со моторното возило.

Алкохол е една од водечките причини за сообраќајни незгоди, особено во период на продолжени викенди и празници. Затоа, РСБСП уште еднаш потсетува на правилото дека: волан и алкохол се комбинација која може да заврши со фатални последици и смрт.

Младите возачи и возачите почетници најмногу страдаат во сообраќајни незгоди за време на продолжен викенд, а најчеста причина за тоа е брзото возење и возењето под дејство на алкохол. Честопати, во вакви ситуации, станува збор за сообраќајни незгоди со само еден учесник (излетување на возилото од патот, удар во бетонски столб итн). Во оваа насока, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ги советува  младите возачи: сообраќајот не е место за импровизации и компромиси, сообраќајот не простува грешки и секоја непромислена одлука или непромислена реакција може да резултира со фатални, долгорочни и ненадоместливи последици.

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да ги разбудат позитивните навики и да бидат позитивен пример за останатите учесници во сообраќајот. Истовремено, потсетува дека, почитувањето на сообраќајните прописи е најважното правило во сообраќајот. Не дозволувајте моментите за празнување да се претворат во трагедија!

Христос воскресе и честит Велигден!

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе