ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО МЕКСИКО 1986

Времеплов: 34 години од „Божјата рака“ и „Голот на векот“

Филип Здравески
/ 22.06.2020 / 20:52

На денешен ден во 1986 година Диего Марадона на ист натпревар постигна два гола кои засекогаш ќе останат во фудбалската историја запишани со големи букви.

На Мундијалот во Мексико во четвртфиналето се сретнаа великаните Аргентина и Англија. Дури 114.580 гледачи го преполнија стадионот „Астека“ во Мексико Сити и веројатно ниту еден ден денес не зажалил што 90 минути се печеше на жешкото мексиканско сонце.

Тој 22 јуни 1986 година Диего Марадона стана непријател број еден на Англичаните и најомразена личност на Островот, освен во Шкотска каде што всушност ги славеа неговите голови.

Откако првото полувреме заврши без голови, Аргентинците го отворија резултатот само 6 минути во вториот дел. Марадона иташе кон англискиот гол, додаде до Хорхе Валдано и продолжи во шестнаесетникот. Валдано лошо ја исконтролира топката која му отскокна, па Стив Хоџ ја собра. Но, обидувајќи се да ја исфрли, Хоџ ја прати кон својот гол. Бидејќи беше пратена од англиски фудбалер, Марадона не беше во офсајд. Голманот Питер Шилтон влезе во воздушен дуел со Марадона и изненадувачки топката заврши во мрежата. Никој од судиите не примети, но Марадона го натскока Шилтон благодарение на раката со која всушност ја удри топката. Англичаните бадијала се бунеа, главниот судија Али Бин Насер од Тунис го призна голот. Потоа Марадона изјави дека тоа не била негова рака, туку на Бог, па оттаму и голот стана познат дека бил постигнат од „Божјата рака“.

Remote video URL

Само 4 минути по тој контроверзен гол, Марадона повторно стапи на сцена. Ако претходно го постигна еден од најконтроверзните голови во историјата на фудбалот, во 55. минута го постигна веројатно најдобриот гол кој негогаш бил постигнат.

Ектор Енрике му додаде на Марадона кој се наоѓаше во својата половина. Оттаму великанот почна слалом минувајќи ја англиската одбрана. Еден по еден ги нареди Питер Брдсли, Питер Рид, Тери Бучер (него двапати) и Тери Фенвик пред да го измами и голманот Питер Шилтон.

Remote video URL

Во 2002 година на интернет анкета организирана од ФИФА тој втор гол на Марадона беше изгласан за „Гол на векот“, нормално за 20. век.

До крајот на натпреварот Англија успеа да намали на 2:1 преку Гари Линекер на 9 минути до крајот, но тој резултат се покажа како конечен. Аргентинците заминаа во полуфиналето каде повторно со два гола на Марадона ја исфрлија Белгија, за потоа во крајно интересно финале да ја победат Западна Германија со 3:2 и по втор пат да станат светски шампиони. Оттогаш Аргентина чека мундијалска титула.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе