Дали се сеќавате на рекламите за Joga Bonito на Nike од 2006?
Создадени со цел да инспирираат цела една генерација и да се борат против лошото однесување на теренот, рекламите од оваа кампања ја промовираа оваа прекрасна игра во нејзината најчиста форма.
Роналдињо, Роберто Карлос, Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Тиери Анри и Вејн Руни беа ѕвездите на рекламите во кои фудбалерите ги покажуваа нивните вештини.
Сите освен двајца фудбалери од овие реклами се пензионирани – активно играат само Роналдо и Ибра.
Роналдо, кој во моментов е без клуб, важи за еден од најдобрите фудбалери, а Ибрахимовиќ се врати во Милан.
Токму тие двајца се ѕвездите на убедливо најдобрата реклама од оваа кампања. Од денешен аспект – просто бесценето парче адвертајзинг.