УЕФА ЕУРО ПОЛСКА/УКРАИНА 2012

Времеплов: Пред 8 години моќната Шпанија ја прегази Италија и ја покори Европа

Филип Здравески
/ 01.07.2020 / 15:58

Тој 1 јули 2012 година во големото финале на Европското првенство во Полска и Украина копјата ги вкрстија Шпанија и Италија во натпревар кој на крајот беше сѐ освен рамноправен.

Двете репрезентации веќе еднаш се сретнаа на првенството бидејќи беа во иста група. Дуелот во полски Гдањск заврши без победник, 1:1.

Овој пат играа во украинскиот главен град Киев на преполниот „Олимпијскиј“ стадион, а им судеше Португалецот Педру Пруенса.

Уште во 14. минута студен туш за Италијанците откако Давид Силва ја затресе мрежата на одличниот Џиџи Буфон. Хендикеп за „Аѕурите“ настана откако неколку минути подоцна се повреди столбот во одбраната, Џорџо Кјелини, па мораше на сцената да стапи Федерико Балѕарети. Четири минути пред паузата „Фуријата“ зголеми на 2:0 преку Жорди Алба.

Маркизио, Иниеста и Буфон

Нападот на Италија со Антонио Касано и Марио Балотели не успеваше да ја пробие Шпанската одбрана. На полувреме Антонио Ди Натале го замени Касано, но ниту тој не успеа да направи нешто повеќе.

Шпанија доминацијата ја круниса пред крајот на натпреварот со головите на Фернандо Торес и Хуан Мата во 84-тата и 88. минута.

Шпанија: Икер Касиљас; Алваро Арбелоа, Жерар Пике, Серхио Рамос, Жорди Алба; Чави Ернандес, Серхио Бускец, Шаби Алонсо; Сеск Фабрегас (75' Фернандо Торес); Давид Силва (59' Педро Родригес), Андрес Иниеста (87' Хуан Мата). Селектот: Висенте дел Боске.

Италија: Џанлуиџи Буфон; Ињацио Абате, Андреа Барѕаљи, Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини (21' Федерико Балѕарети); Андреа Пирло; Клаудио Маркизио, Рикардо Монтоливо (57' Тијаго Мота), Даниеле Де Роси; Марио Балотели, Антонио Касано (46' Антонио Ди Натале). Селектор: Чезаре Прандели.

Шпанија всушност го одбрани европскиот трон кој го освои во 2008 година, а вкупно дојде до третата титула заедно со онаа освоена во 1964, со што се израмни по бројот на триумфи со Германија. Италија остана на една титула, онаа од далечната 1968, а по вторпат загуби финале откако претходно загубија од Франција во 2000.

Интересен беше крајот на натпреварот кога на камерите се слушна Икер Касиљас како бара од судиите да судат крај за да покажат почит кон Италија чии фудбалери беа демотивирани од високиот резултат, односно да се спречи да падне уште некој гол бидејќи едноставно Италијанците стоеја на терен.

„Еј судија! Судија! Почитувај го противникот. Имај почит за Италија. Па 4:0 е“, викаше шпанскиот голман, а веднаш потоа Пруенса отсвири крај, иако не го слушна неговиот апел.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе