Врска на далечина: Тешко е, но има и добри страни

Љубовта на далечина може да биде комплицирана, има свои позитивни и негативни страни. Баш како и секоја друга љубовна врска.

Одржувањето на врската на далечина може да преставува предизвик за некои луѓе, додека за други тоа не е голем потфат.

Тоа нема толку врска со љубовта, колку што има со разумот. Старата изрека вели „Далечината за љубовта е како ветрот за свеќата – ако е пламенот мал, ќе го изгасне, ако е голем, ќе го разгори“.

Ако двајцата сте се согласиле да ја одржувате врската на далечина, во исчекување на поголеми работи во иднина (поради студирање, работа, семејни обврски), ви останува само да погледнете на посветлата страна на нештата и да сфатите дека ваквата ситуација има и свои големи предности.

Тоа не значи дека саканата личност помалку ќе ви недостига, туку дека знаете дека далечината не е фактор за цврстината на вашата љубов и нема да се опседнувате со тоа, да паѓате во очај или да се самосожалувате.

Останувате фокусирани на своите цели

На почетокот на врската скоро сите сакаат да поминуваат што е можно повеќе време со саканата личност. Иако во тоа нема ништо лошо, нашата желба да поминуваме многу време со партнерот може да се одрази на остварувањето на некои други цели што сме си ги поставиле лично за себе. Врската на далечина во овозможува да се посветите на себе и со поддршка од партнерот да се фокусирате на остварување на вашите планови, да работите на надоградување на своите вештини и слично. Исто така, нема да се чувствувате виновно ако останете подолго на работа или работите за викенд, мислејќи дека го запоставувате партнерот заради работните обврски.

Ја развивате креативноста

Многу е полесно да ја изразувате љубовта кога сте во можност да го видите, допрете, бакнете партнерот речиси секој ден, но врската на далечина ви овозможува да ја развивате својата креативност. Тоа бара многу поголем труд, но поволностите се големи. Освен што ќе му покажете на партнерот дека би направиле сѐ за да го одржите пламенот меѓу вас силно разгорен, исто така разбудената креативност може да ја примените на многу други полиња, особено во работата или вашето хоби.

Имате повеќе време за пријателите и семејството

Треба да научите паметно и праведно да го распоредите вашето време за да може да се посветите и на партнерот и на семејството и на пријателите. Понекогаш е тешко да изменаџирате сѐ така што никој нема да се чувствува запоставен. Кога партнерот е далеку, искористете го слободното време да го поминете со родителите, роднините и пријателите и да им помогнете на каков било начин.

реклама

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе