Врз патниците паѓале црви во авионот од Амстердам за Детроит

Макфакс/Кајгана
/ 15.02.2024 / 20:18

Врз патниците на авионот Airbus A330-300 на Delta Air Lines од Амстердам до Детроит во вторникот паѓале црви.

Наводно, еден од патниците во рачниот багаж носел расипана риба и ја ставил во преградата над главите на патниците. За време на летот, црвите почнале да паѓаат врз патниците што седеле долу, пишува Independent.

Филип Схот, Холанѓанец кој живее во Ајова, изјави за Fox 2 дека видел десетици црви како паѓаат врз патниците за време на летот.

„Навистина не знам што ми се вртеше низ главата. Се обидував да го обработам тоа. Одвратно“, рече Схот.

Вели дека стјуардесите пронашле торба од која испаѓале црви. Во неа нашле риба завиткана во весник. Пилотот тогаш најавил дека летот нема да продолжи туку авионот ќе се врати на аеродромот „Схипол“ кај Амстердам.

Delta им се извини на патниците.

„Нивното патување беше прекинато поради неправилно спакуван багаж. Авионот се врати, а патниците беа прераспределени на следниот достапен лет. Авионот беше тргнат од употреба заради чистење“, соопшти авиокомпанијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе