Втор ден кампања, партиите на средби со граѓани со почитување на мерките на заштита

На вториот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори, партиите и коалициите ќе ја претстават својата политичка понуда на средби со граѓани, почитувајќи ги притоа мерките за заштита од COVID-19. Нема да изостане кампањата и на социјалните мрежи, како и на традиционалните медиуми.

На вториот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Охрид и Бутел, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани во Вевчани, Струга, Ресен, Куманово, Скопје, Гевгелија, Охрид и Гостивар.

Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска ќе одржат промотивната конвенција за кандидати за пратеници во Тетово.

Изборите да се спроведат со високи стандарди, клучна слободата на изразување

Вчера, на првиот ден од изборната кампања, претседателот Стево Пендаровски порача дека изборниот процес и изборите мора да бидат спроведени според високи стандарди и критериуми, имајќи ја предвид и евро-атлантска перспектива на земјава.

Апелираше до сите учесници во изборниот процес да придонесат овие избори да бидат фер, слободни и демократски, како што и се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.

Потенцира дека слободата на изразување е клучна за да имаме кредибилен изборен процес и граѓаните да добијат релевантни, навремени и вистинити информации со цел самостојно да донесат одлука кому ќе го дадат својот глас.

И премиерот Оливер Спасовски порача дека имаме историска одговорност да спроведеме избори кои доликуваат на земја членка на НАТО и на европска демократија – на земја која ја чекори последната фаза од членството во ЕУ.

– Предвремените парламентарни избори треба да бидат фер, демократски, со максимално почитување мерките за заштита против корона вирусот, порача премиерот, потенцирајќи дека правото на граѓаните да го искористат своето право на глас, нема да го загрози нивото здравје.

Порача и дека не смее да има никакви злоупотреби во текот на изборниот процес, посебно не од страна на државните функционери.

Предизборни пораки од првиот ден на кампањата

На првиот ден од кампањата партиите испратија повеќе предизборни пораки до граѓаните, повикувајќи на масовна излезност, не избегнувајќи ги притоа, меѓупартиските препукувања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека верува во мудроста на народот, во поддршката што ќе ја добијат. – Да одбереме обнова, да ја исправиме Македонија, да ја спасиме од хибридниот режим. Тоа меѓу другото го истакна Мицкоски, пред граѓаните на Охрид, на првиот предизборен митинг пред предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули.

Тој се осврна на програмата на Коалицијата „За обнова за Македонија“, истакнувајќи дека на повеќе од 300 страници ВМРО-ДПМНЕ нуди можности за напредок, за прогрес, за излегување од економското сивило.

ВМРО-ДПМНЕ исто така најави дека ќе води кампања преку која ќе биде меѓу народот низ улиците во градовите и селата, согласно препораките на здравствените власти.

-ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од непосредната комуникација со народот и апелираме на почитување на мерките за заштита од коронавирусот. На овие избори ќе имаме двојна задача да ја поразиме корона заразата и да го поразиме поголемиот вирус, вирусот на криминал и корупција, а тоа е оваа власт, рече генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, од граѓанската трибина синоќа во Струмица рече дека како што ќе одлучат граѓаните, во тој правец ќе ни се движи државата.

– По сите можни анкети сме фаворити и очекувам победа за да нема уцени. Не ни требаат уцени од никој. Заврши времото на уцените. Не може да уценува ниту ДУИ, ниту било која друга политичка партија. Единствено кои одлучуваат се граѓаните, на избори, истакна Заев.

Презентираше и делови од изборната програма кои се однесуваат на зголемувањето на помошта кај ранливите категории граѓани, зголемување на просечната плата за повеќе од 30 проценти, минималната плата за повеќе од 40 проценти, 600 милиони нови инвестиции во економијата за отворање нови работни места и повисоки плати.

Порачаа дека актуелната власт за краток период  постигнала успеси и затоа бара уште еден чист мандат за да направи уште повеќе и уште подобро. Во следниот мандат е планирана изградба на 1.500 километри автопати, експресни и локални патишта, како и рехабилитација на постоечката патна мрежа.

ДУИ со конвенција во Преспа ја започна предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули, на која го промовира Насер Зибери како нивен кандидат за прв премиер Албанец на С.Македонија.

-По интензивните консултации со граѓанското општество, академскиот свет, стручно и креативно мислење, стигнавме до обединувачкото и заслужно име на кандидадтот за првиот Албанец премиер. Тоа е Насер Зибери кој ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост, рече Ахмети на конвенцијата.

Лидерот на СДСМ Заев смета дека Зибери не може да и помогне на ДУИ за 20 дена, затоа што, според него, на оваа партија и требаат четири години во опозиција за да се реформира.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, пак, за предлогот на ДУИ, смета дека не се станува премиер во канцеларија, туку дека треба да се излезе меѓу граѓаните.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи на првиот ден од кампањата рече дека се залагаат за заменик премиер Албанец и за консензуална демократија.

Лидерот на Беса Биљал Касами под слоганот „Можеме“ ја почна кампањата од Зајас, порачувајќи дека Беса излезе на политичката сцена како потреба за да се разбие биномот ДУИ и ДПА кои суштински ништо не измениле во положбата на Албанците во земјава.

Алијанса за Албанците и Алтернатива во првиот ден од кампањата најавија заедничка победа и промена на 17-годишниот еднопартиски албанскиот блок. Оваа коалиција денеска во Тетово ја почнува кампањата. Велат дека имаат подготвено реална програма која може да се реализира во наредните четири години.

Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА ќе направи пресврт на македонската политичка сцена, изјави претседателот партијата Љупчо Ристовски за време на промоцијата на програмата и кандидатите за пратеници во Битола. Според Ристовски, нивната политичка реторика ќе влијае врз изборот на граѓаните.

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на изборите, своите програми ќе можат да ги преставуваат до 12 јули во 24 часот кога завршува изборната кампања.

На предвремените парламентарни избори, според поднесените листи до ДИК, ќе учествуваат 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати.

Предизборната кампања ќе трае до 12 јули на полноќ. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе