Втор трејлер во два дена за „Spider-Man: Far From Home“
Наместо еден, Sony претстави два трејлери за „Spider-Man: Far From Home“ во само 24 часа. За разлика од првиот трејлер, кој се фокусираше многу повеќе на мисијата на Спајдермен, овој е повеќе фокусиран на ликот на Питер Паркер.
Второто продолжение на „Spider-Man“ го носи Питер Паркер на екскурзија во Европа. Но, додека тој мисли дека таму ќе остане безбеден и поштеден од борби со супернегативци, Ник Фјури не го мисли истото.