Втор трејлер за „House of Gucci“ со Лејди Гага во главната улога
Објавен е вториот трејлер за филмот „House of Gucci“ на Ридли Скот, со Адам Драјвер и Лејди Гага во главните улоги.
Филмот е инспириран од шокантната вистинска приказна за семејството што ја создаде италијанската модна куќа Gucci, а се снимаше според книгата „The House of Gucci“ на Сара Геј Форден.
Покрај Гага и Драјвер, во филмот играат и Ал Пачино, Џереми Ајронс и Џеред Лето.
„House of Gucci“ ќе има премиера на 25 ноември.