Второ рочиште за „шлаканиците“ во општина Центар

Денеска продолжува судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство за протестите пред општина Центар во јуни 2013 година, откако на декемвриското рочиште судот ги одби аудио-снимките од прислушуваните разговори и не прифати сведочење на заштитен сведок.

Во случајот за насилство обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Меѓу обвинетите е и Никола Груевски, поранешен премиер, поранешниот министер Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова.

До СЈО сè уште нема стигнато одговор на жалбата поднесена до Апелацискиот суд откако Кривичниот суд ги одби „бомбите“ и заштитениот сведок како докази во овој случај.

Судијка во овој случај е Татјана Михајлова, в.д. претседателка на Основниот суд Скопје 1. Според неа, прислушуваните разговори не можат да бидат доказ во овој случај затоа што биле прибавени на незаконски начин, при што биле прекршени и слободите и правата на оние чии гласови се на снимките.

Овој случај на СЈО произлегува од аудио снимка на разговор меѓу Груевски и Јанакиески пред седницата на Советот на Општина Центар во јуни 2013 година на која требало да бидат поништени неколку детални урбанистички планови, меѓу кои и оној за Мал ринг, каде наводно Груевски нарачува некој да појде и на градоначалникот Андреј Жерновски да му удри две-три шлаканици. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе