Вучиќ: Сѐ што кажав ќе спроведеме, а за признавање и членство во ОН или телата на ОН нема ни збор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија не користи трикови и дека ќе го исполни и ќе работи на спроведување на сето тоа што го кажал во Охрид и покрај тоа што не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да формира Заедница на српските општини, јави дописникот на МИА од Белград.

– Тоа што веќе го кажав е дека нема збор за членство во Обединетите нации, како и за организации, институции и агенции на ОН и - нема признавање, кажа Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани дека дел од црвените линии за кои зборува ги гледа како начин да се избегне спроведувањето на договорот.

Ние, за разлика од нив, посочи Вучиќ, никогаш не сме се користеле со трикови, секој ден го повторувам тоа што го кажав во Народното собрание, како и она што им го кажав во Охрид, Брисел и на (западната) петорка во Белград, и мојот став ни јота се нема сменето пред никого.

– За Србија е правно обврзувачко кога на нешто ставам потпис или печат, или кога вербално или усно се согласувам. И никој друг не може да произведе правни последици за Србија освен нејзиниот претседател и во некои случаи премиерот или министерот за надворешни работи. Што се однесува до исполнувањето, Србија ќе го исполни и ќе работи на имплементација на сè што рече дека ќе направи, и покрај тоа што не мислам дека Приштина ќе го исполни она што е единствената обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот и да формира ЗСО. Значи, сѐ што кажавме дека ќе работиме на имплементација, ќе го направиме, а она што го кажав дека нема, а тоа му го повторив и на Тајани денеска, е дека нема збор за членството во ОН, организации, институции и агенции ОН и нема признавање, рече Вучиќ.

Според него, сè друго што значи вистинска нормализација на односите, нормални односи меѓу Србите и Албанците и многу подобри односи без тензии и конфликти, Србија е подготвена да го спроведе и Србија ќе ги имплементира.

– А дали некој друг ќе го спроведе, ќе видиме, па јас ќе ги прашам кој користел трикови, а кој не, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека Србија стои на зборот и дека зборот на Србија нешто ѝ значи и дека се плаши дека дури и нечии потписи не значат ништо до денес, бидејќи, како што рече, „ако не беше така, тогаш 10 години по потпишувањето на договор, не би зборувале за ЗСО како што зборуваме денес“.

реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Регион

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец

Read more

Коста бил нарцисоиден и размислувал како да има 20 години – судски вештак за момчето од Врачар

Read more

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста

Read more

По вчерашните немири, денеска во Косово е мирно

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Читај повеќе

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган

Читај повеќе
  • play_arrow

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец

Читај повеќе

Цените на нафтата растат втора недела по ред

Читај повеќе

Северна Кореја ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит

Читај повеќе

Белорусија ги затвора патиштата кон Русија, најави формирање на народна милиција

Читај повеќе