WP: Украински офицер го координирал нападот на Северен поток, Зеленски не знаел

Кремљ денеска објави дека објавата на Washington Post, според која украински воен офицер го координирал нападот на гасоводите Северен поток, е особено алармантен, со оглед на тоа што се вели дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не знаел за тоа.

Никој не ја презеде одговорноста за експлозиите во септември 2022 година кај данскиот остров Борнхолм, кога беа оштетени три од четирите линии на системот што ја снабдува Европа со руски гас.

Координаторот на нападот бил висок украински воен офицер

Washington Post објави дека Роман Червински, висок украински воен офицер со длабоки врски со украинското разузнавање, бил координатор на нападот. Весникот цитира неименувани луѓе запознаени со операцијата, кои рекоа дека украинскиот претседател Зеленски не знаел за тоа.

Червински примал наредби од високи украински функционери кои на крајот се пријавиле кај главниот командант, генерал Валериј Залужњи, пишува Washington Post. Портпаролот на украинската војска изјави за Reuters во неделата дека „нема информации“ за објавениот текст.

Песков: „Алармантен сигнал за колективниот Запад“

„Трагите на Украина во оваа саботажа, овој терористички чин, сè повеќе се појавуваат во извештаите, истрагите и медиумските објави“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Известено е дека претседателот Зеленски можеби не бил свесен за таквите постапки на неговите подредени од безбедносните агенции. Ова е многу алармантен сигнал не само за нас, туку и за земјите од колективниот Запад“, рече Песков. „Ако режимот во Киев повеќе не ја контролира ситуацијата во сопствената земја, тогаш ова е алармантно и треба да се земе предвид“, додаде Песков.

На 26 септември беше забележан ненадеен пад на притисокот врз гасоводите под Балтичкото Море, а сеизмолозите открија експлозии, што предизвика бран шпекулации за тоа кој го саботирал мултимилијардерскиот проект за испорака на руски гас во Германија.

Путин ги отфрли тврдењата дека Русија го разнела гасоводот како „идиотски“

Некои американски и европски функционери првично, без докази, сугерираа дека Русија ги разнела сопствените гасоводи, тврдење што рускиот претседател Владимир Путин го отфрли како „идиотски“. Русија во повеќе наврати, без да презентира никакви докази, го повика Западот за експлозиите, особено САД и Обединетото Кралство. Двете земји негираат вмешаност.

New York Times и Washington Post објавија дека Украина е одговорна за нападот, што таа постојано го негира. Американскиот новинар Сејмур Херш тврдеше дека нуркачи на американската морнарица ги уништиле гасоводите, што Вашингтон го негираше.

Во блог пост со наслов „Како Америка го елиминираше гасоводот ‘Северен поток’“, Херш рече дека планот бил дизајниран во 2021 година на највисоко ниво во Соединетите Американски Држави. Белата куќа соопшти дека блогот е „целосно лажен и целосна фикција“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе