За Иванов прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Скопје, 25 април 2019 (МИА) – Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов најостро реагира за, како што неведуваат во соопштението, политичката одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да поднесе прекршочни пријави против претседателот на државата и целосно ги отфрла тврдењата дека со донесувањето на указите, кои се предмет на ваквата одлука, шефот на државата постапил спротивно на законите и ги пречекорил овластувањата.

„Разочарува фактот што, и покрај тоа што до Државната комисија за спречување на корупцијата уредно беа доставени образложенијата и законските основи врз основа на кои Претседателот на Република Македонија ги донесе указите, истите не се земени предвид од страна на Комисијата, и наместо тоа, како образложение се даваат општи и непрецизни констатации без законска основа. Претседателот на Република Македонија ги донесе указите во согласност со Уставот на Република Македонија и законите“, се наведува во реакцијата од кабинетот на Иванов.

Оттаму посочуваат дека во согласност со член 79 од Уставот, шефот на држава е врховен командант на вооружените сили на Републиката.

Во согласност, пак, со член 18 став 1 точка 11 од Законот за одбрана, претседателот на државата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали.

Како врховен командант, претседателот нема обврска да бара одобренија за надлежности кои му се пропишани со закон.

„ДКСК во образложението се повикува на Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Овој закон пропишува постапка за унапредувања до чин полковник, а не генерал, која е надлежност на претседателот на Република Македонија во  согласност со Законот за одбрана“, се наведува во реакцијата.

Дополнително, како што велат од кабинетот на Иванов, Законот за одбрана е системски закон, а Законот за служба во АРМ е општ закон.  Во согласност со начелото на уставност, предвидено со член 51 од Уставот, јасно е каква е нормативната хиерархија во носењето на одлуките. Доколку воопшто има судир на норми меѓу двата закони, тогаш меродавни се одредбите од Законот за одбрана, а не од Законот за служба во Армијата.

„Единствена одредба во Законот за Служба во АРМ, каде се споменува унапредувањето на офицерите со формациски чин генерал, е Членот 61 став 1, каде се предвидува дека офицер може да се унапреди во непосредно повисок чин, во конкретниот случај од генерал-мајор во генерал-потполковник, ако офицерот кој треба да биде унапреден поминал најмалку две години во чинот што го има. Претседателот на Република Македонија го донесе указот бр. 57 бидејќи овој критериум за генерал-мајор Васко Ѓурчиновски беше исполнет“, се наведува во реакцијата.

Во однос на системот на плати и надоместоци на плати, од кабинетот на Иванов, укажуваат дека во согласност со член 170 (1) од Законот за служба во АРМ, ова е надлежност на министерот за одбрана или од него овластено лице, а не на претседателот на Републиката.

„Дополнително, би сакале да ја запознаеме јавноста дека ваквата одлука на ДКСК е контрадикторна на претходната практика која самата комисија ја воспоставила. ДКСК во 2016 година дала одговор по слична проблематика, кој е сосема спротивен на сегашните ставови. Во т.61 од Мислењето издадено во 2016 година од страна на Државната Комисија за спречување на корупцијата јасно е посочено дека во период на избори не постои законска пречка да се доставуваат предлози за именувања и/или отповикувања на амбасадори до претседателот на Република Македонија“, стои во реакцијата од кабинетот на претседателот Иванов.

ДКСК поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе