За прв пат се огласи семејството на Коста: Секојдневно плачеме од неизлечлива болка

М.К. и В.К., таткото и мајката на 13-годишниот Коста кој уби 9 ученици и чуварот во  српското училиште „Владислав Рибникар“, првпат јавно проговорија.

„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете кое загина и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и најискрено жалиме и испраќаме наше сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Засекогаш во тага, семејството Кецмановиќ“.

Мајката била сослушана вчера во белградската полиција, а како што дознава Телеграф разговарот траел со часови.

Таа била придружувана од нејзината адвокатка Ирина Боровиќ.

„Мајката беше сослушана како граѓанин. Таа зборуваше со часови. Не е обвинета за никакви кривични дела. Таа кажа сè што ѝ беше побарано, одговараше на сите прашања. Нејзината цел, како и сите други, е да го реши ова, да се види што бил проблемот и да се најде најдоброто решение за целата оваа ситуација. Што се однесува до приказната дека К.К. е дете на разведени родители, тоа не е вистина. Таткото и мајката живеат заедно цело време, тие не се разделени и, како што рече мајката, тоа било хармонично семејство кое соодветно се грижело за своето дете. Исто така изјавила дека никој не можел да претпостави дека К.К., ќе го стори делото за кое е осомничен“, кажал за Телеграф извор од истрагата.

Првото основно јавно обвинителство во Белград утврдува дали мајката на момчето кое го изврши масовното пукање сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.

Обвинителството во понеделникот испрати барање до Полициската управа за Град Белград за прибирање на потребните информации, со наредба да биде сослушана мајката, како и разговор со педагогот и психологот вработен во ОУ „Владислав Рибникар“.

Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетниот К.К. и за ова да поднесе пријава до обвинителството.

Таткото е во притвор за тешко дело против општата безбедност. Тој беше сослушан во Вишото јавно обвинителство и го негираше делото.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Регион

Коста бил нарцисоиден и размислувал како да има 20 години – судски вештак за момчето од Врачар

Read more

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста

Read more

По вчерашните немири, денеска во Косово е мирно

Read more

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Read more
 

Вести

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Читај повеќе

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Читај повеќе

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Читај повеќе

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Читај повеќе

Америка се спаси од банкрот

Читај повеќе

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Читај повеќе

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Читај повеќе
  • filter

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Читај повеќе