За Велигден и Бајрам да нема полициски час, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека за Велигден и Бајрам нема да има полициски час.

Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почне од 21 часот, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час, односно да може граѓаните слободно да се движат, а во тие денови работењето на угостителските објекти да биде исто како што ќе биде и дотогаш до 20, односно 20:30 часот.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложи полицискиот час од 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината.

Комисијата ќе го достави предлогот до Владата која за него треба да одлучи на седница.

Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.

„Утре на седница на Влада треба да се прифати отворање на летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час ќе започнува од 21 часот, а за време на празниците нема да има полициски час и граѓаните слободно ќе се движат. Сето ова е резултат на навремено донесените мерки“, изјави денеска министерот Венко Филипче.

Мерките ќе важат од завршувањето на сите празници, а потоа ќе се дискутира дали ќе се носат нови.

„Имајќи го и ова сега предвид се ослободуваат и некои одделенија кои беа дополнително ангажирани да сместат пациенти со COVID-19. Генерално чувствуваме олабавување во смисла на намален притисок. Ги следиме трендовите и во околните држави, овој втор бран насекаде, во сите околни земји спласнува. Се надевам дека тоа, заедно со забрзаната вакцинација која ќе следи по Велигден, кога пред сè ќе бидат дистрибуирани кинеските вакцини согласно бројот на пријавени во регионите, ќе ја смени сликата“, додаде Филипче.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе