Заборавете на Светско на секои 4 години, Џани Инфантино има луди идеи

Како бомба во Англија одекна веста дека ФИФА размислува да ја промени фудбалската традиција да се игра Светско првенство на секои четири години.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е повеќе од задоволен од тоа како помина Светското првенство во Катар и особено му се допадна идејата за турнир во средината на сезоната, во зимските месеци, поради што почна сè повеќе да размислува за нови промени и дојде до идеја што на многумина нема да им се допадне.

Британскиот таблоид Daily Mail пренесува дека може да заборавиме на Светско на секои четири години, но ќе го гледаме почесто.

Неофицијално, Инфантино има идеја Светското првенство во иднина да се игра на секои три години бидејќи тоа ќе биде многу поисплатливо за ФИФА, па си поставил задача да го покрене ова прашање до крајот на третиот мандат на чело на ФИФА.

Не се можни промени за следните два турнира, односно нема стравувања дека турнирите закажани за 2026 и 2030 година ќе се променат, но многу е сигурно дека ФИФА во меѓувреме ќе направи фудбалска револуција. Тоа би значело дека турнирот закажан за 2034 година би можело да се игра една година порано, ќе видиме дали на средина на сезоната како што беше случајот во Катар, но веројатно дури кога ќе дознаеме кој е домаќин.

Неофицијално, Инфантино добил ваква поддршка од земјите во Африка и Азија, додека претходно двете највлијателни организации - УЕФА и КОНМБЕБОЛ веќе биле против идејата на Арсен Венгер турнирот да се одржува на секои две години. Се чини дека ова на секои три би можело да биде компромисно решение.

ФИФА не се огласи на прашањето на Daily Mail, меѓутоа сè повеќе се чини дека се подготвени да „измислат“ нови правила за сопствен профит, додека никој не мисли колку се истрошени фудбалерите и што сакаат навивачите.

Што мислите вие за идејата да се игра Светско на три години?

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе