Една неодамнешна студија покажа дека јадењето храна со многу различни зачини наместо сол резултира со помалку внесување сол на дневно ниво, речиси 1.000 милиграми на ден.
Студијата исто така сугерира дека одредени зачини можат да ви помогнат да се ослободите од салото на стомакот.
Овие пет зачини ја намалуваат подуеноста и можат да ви помогнат да се ослободите од салото на стомакот.
Некои научни докази сугерираат дека ѓумбирот може да помогне за бројни гастроинтестинални симптоми. Студија објавена во Journal of Gastroenterology and Hepatology укажува дека ѓумбирот има уникатна способност да го забрза празнењето на желудникот. Можете да додадете свежо рендан ѓумбир во маринади и преливи за салата или можете да пиете чаша чај од ѓумбир дневно.
Овој зачин е ефикасен во решавањето на маснотиите во стомакот. Црниот бибер се користи со векови во источната медицина за лекување на разни здравствени состојби, вклучително и воспаленија и стомачни проблеми. Покрај тоа, црниот бибер ефикасно спречува формирање нови масни клетки, што резултира во намалување на обемот на половината, телесните масти и нивото на холестерол. Затоа, слободно додадете црн бибер во вашиот оброк.
Циметот содржи моќни антиоксиданти наречени полифеноли кои ја подобруваат чувствителноста на инсулин. Една студија покажа дека циметот ја намалува и акумулацијата на маснотии во стомакот. Неколку други студии покажаа дека циметот исто така го стабилизира шеќерот во крвта и помага при контрола на апетитот.
Каенската пиперка содржи состојки кои ги намалуваат маснотиите во стомакот, го потиснуваат апетитот и ја подобруваат термогенезата - способноста на организмот да согорува храна како енергија. Една студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition покажа дека секојдневното внесување каенска пипер помага во топењето маснотии наталожени во пределот на стомакот.
Научници од Оксфорд откриле дека ако јадете барем една лажица сенф дневно може да го зајакнете метаболизмот до 25 проценти за неколку часа по оброкот. Студија објавена во Asian Journal of Clinical Nutrition откри дека семето од синап, од кое се прави сенфот, помага и во намалувањето на маснотиите наталожени на стомакот.