Зад ознаката B5 GT се крие досега најмоќната Alpina

Alpina ќе го понуди лимитираниот модел B5 GT во двете каросериски верзии, а основната цена во Германија е 145.500 евра за Sedan и 148.500 за Wagon.

Неодамна, под покровителство на BMW, познатата германска тјунинг компанија Alpina претстави модел со ограничена едиција што се крие зад ознаката B5 GT, базиран е на серијата 5 на BMW и со себе го носи најмоќниот мотор досега што е „растурен, доработен и составен“ во Alpina.

Компанијата од Баварија ќе го понуди B5 GT во двете каросериски верзии и тоа во само 250 примероци, а купувачите кои се подготвени да потрошат најмалку 145.500 евра може да сметаат на 4,4-литарски V8 битурбо мотор кој развива 634 КС и 850 Nm максимален вртежен момент.

Наведените бројки се доволни за B5 GT Sedan да од 0 до 100 км/ч стигне за 3,4 секунди и да развие 330 км/ч, додека попрактичната караван верзија ќе достигне 100 км/ч за 3,6 секунди и ќе развива 322 км/ч. Преносот на моќноста на двете оски (xDrive) се управува со рафиниран 8-брзински автоматски менувач, а ефикасното запирање е обезбедено со сопирачките на Brembo, видливи под добро познатите 20-инчни Classic бандажи на Alpina.

Фото галерија

Покрај познатите нијанси на сина и зелена, Alpina ќе понуди уште шест бои на каросеријата со B5 GT, а има и неколку комбинации на бои во кожена и дрвена внатрешност, која е украсена со табличка со сериски број и препознатливи Alpina амблеми.

Книгата за нарачки е отворена, а првите испораки се планирани за јули.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Авто новости

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Read more

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more
 

Автомобили

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе