Задолжителен ПЦР тест за влез во земјава, место државен карантин – домашна самоизолација

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Кон почетокот на јуни ќе почнат со работа градинките, а очекувањата се границите да се отворат кон средината на  јуни. Оние лица пак, кои со хуманитарни летови влегуваат во државата, треба да приложат ПЦР тест за коронавирусот и наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатат во задолжителна домашна самоизолација.

Токму средината на јуни, според министерот за здравство Венко Филипче, е најразумен период кога би требало да се отворат границите, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите. Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче.

За оние лица кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, воведени се нови промени.

Согласно одлуката на Владата, тие пред влегување на територијата на државата треба да приложат ПЦР тест за COVID-19 направен во последните 72 часа, и наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

-Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, соопшти во текот на вчерашниот ден Владата.

И покрај очекувањата да се релаксираат мерките, министерот за здравство, Венко Филипче вчера истакна дека постои уште еден начин на пренесување на вирусот, што во моментов кај нас е актуелен, а тоа е преку близок респираторен контакт.

– Повеќе настани, повеќе семејни настани во меѓувреме се случија од каде што излегоа нови пациенти, меѓутоа во основа е истиот механизам на таков респираторен близок контакт, за жал непочитувајќи ги мерките кои се сега во сила, рече Филипче.

Во однос на статистиката, вкупно 1.921 дијагностицирани пациенти на COVID-19 има во моментот во државата. Од почетокот на епидемијата, оздравени се 1.387 пациенти, а починати 112. Бројот на активни случаи изнесува 422.

Позитивни на коронавирусот се и 14 припадници на Министерството за внатрешни работи, со што од вчера во изолација се ставени сто и тројца полицајци.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека засега не се знае како дошло до нивно заразување.

-Сто и три припадници на полицијата се ставени во изолација, а 14 од нив се позитивни на COVID-19. Засега не се знае како дошло до нивно заразување. Во изолација се ставени полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови, потврдија за МИА од МВР.

Според податоците на Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден примени се осум нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, критично болни, а на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во болницата „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 16 пациенти. На респиратор се пет, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.

Нашата држава во текот на вчерашниот ден доби заштитна медицинска опрема од страна на Бугарија. Донацијата е составена од 600 заштитни медицински одела за повеќекратна употреба, 300 пара заштитни очила и 300 визири.

Донацијата од заштитна медицинска опрема за поддршка во справувањето со COVID-19 е наменета за јавното здравство како и за припадниците на Военомедицинскиот центар во Армијата на Република Северна Македонија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе