Заедно побрзо до целта – Mozzart со поддршка на младите атлетичари од АК Делта

Секаде каде што се постигнуваат поени, се тресат мрежи, се рушат рекорди и се остава срцето на терен, таму е и компанијата Mozzart.

Региналниот лидер во приредување игри на среќа е секогаш со талентираните спортисти, а овојпат поддршката отиде кај атлетичарите на АК Делта.

„Навистина сме благодарни што како општествено-одговорна компанија, Mozzart го препознаа успехот и потенцијалот на нашите младински рекордери и одлучија целосно да ги финансиираат нивните подготовки. Ова за нас е од особено значење земајќи предвид дека во Македонија немаме соодветни услови за подготовки во зима бидејќи немаме атлетска сала, и поради тоа мораме да се подготвуваме и настапуваме на натпревари во Белград“, изјави Александар Стојановски, претседател на АК Делта.

АК Делта во последните четири години е прогласен за најдобар атлетски клуб во Македонија во севкупна категорија, а исто така и во индивидуална, што беше дополнителен мотив на компанијата Mozzart да ги поддржи младите таленти на нивниот пат до успехот.

„Кога станува збор за поддршка на спортот, а особено на млади таленти, нашата компанија е секогаш расположена да помогне. Токму поради тоа барањето од АК Делта веднаш беше прифатено. Сега, со поддршка на Mozzart, младите атлетичари со сигурност ќе истрчаат први до целта“, изјави Ивана Стефановска-Крстевска од Mozzart.

Помошта на Mozzart досега стигна до бројни клубови ширум земјата. Лидерот во организирање игри на среќа и следната година ќе продолжи со истото темпо, сѐ со цел што повеќе млади да добијат можност да тренираат и да напредуваат.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе