Заев и Мицкоски се договорија за одложување на пописот

Заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која се разговарало за имунизацијата и одложување на пописот. 

Како што изјави Мицкоски по средбата пописот би се одржал од 5 до 30 септември, а дотогаш ќе биде отворена апликацијата за самопопишување, додека локалните избори би се одложиле за втората половина на октомври.

Заев истакна дека со ова се отвора можност за дијаспората да може да се попише до 30 септември и упати со сите членови во дијаспората да ја искористат оваа прилика.

-Упатувам порака до граѓаните дома, ова е важна статистичка операција. Сега ја имаме и најголемата опозициска партија овде. Верувам со тоа ќе се согласат и албанските опозициски партии, испраќам порака до Левица, до сите граѓани да се попишат, рече Заев.

Дијаспората почна да се попишува и ред е да се верификуваат досегашните податоци и даваме континуитет до 30 септември, рече Заев и додаде дека физичкото попишување е поризично и затоа дале простор за помасовна имунизација на населението по физичко попишување.

Заев нагласи дека во пописот се попишуваат сите граѓани кои имаат македонско државјанство и истакна дека нема да може да се попише оној кој нема македонско државјанство.

Додаде дека кампањата за локалните избори ќе почне по 30 септември, со цел во втората половина на октомври да се одржи првиот изборен, а во ноември вториот.

На средбата двајцата лидери разговарале за измени на Изборниот законик, на дневен ред на Собрание утре ќе биде прашањето за терминалите за отпечаток од прст.

-Да ги охрабриме групите во Парламентот кои разговараат за измените на изборниот модел, отворени листи, избор на градоначалник во прв круг, гласањето на дијаспората надвор од ДКП-ата, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, рече Мицкоски по средбата.

Тој истакна дека во однос на работата во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи работи заедно со парламентарното мнозинство на сите закони, кои се однесуваат на реформската агенда, стопанство, економијата и пандемијата.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе