Заев: Постои согласност за заеднички кандидат за претседател со албанскиот блок

Скопје, 18 февруари 2019 (МИА) – Со средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска ќе ги продолжи разговорите со коалициските партнери за изнаоѓање заеднички консензуален кандидат за престојните претседателски избори.

„Денеска продолжуваме со средбите со политичките партии на нашите коалициски партнери од албанскиот блок. Прво ќе има средба со ДУИ, а потоа продолжуваме со БЕСА на Африм Гаши, како и со Мендух Тачи. Ќе направам напори и сакам да се видам и со Зијадин Села од Алијанса на Албанците и БЕСА на Билал Касами за да можеме да поразговараме и да видиме дали можеме сите да застанеме зад заеднички кандидат кој е прифатлив за сите граѓани од секаква политичка, етничка и социјална припадност. Верувам дека тоа е изводливо. Ако го направиме тоа, уште еднаш го потврдуваме „едно општество за сите“ и праќаме  сериозна порака за охрабрување кон граѓаните за нашата одговорност да се надминеме себеси и да застанеме зад личност за која однапред веруваме дека ќе биде одличен претседател на Република Северна Македонија“, изјави Заев во одговор на прашање на промоцијата на Научно-технолошкиот парк во Скопје.

Нагласи дека бараат заедничко решение прифатливо за сите граѓани и додаде дека на вчерашната средба со коалициските партнери од коалицијата предводена од СДСМ, лидерите на партиите начелно потврдиле дека се за заеднички претседателски кандидат.

„Тоа е платформата на која разговараме, да ги слушнеме граѓаните, да видиме дали постои таква личност зад која можеме сите да се обединиме и како политички субјекти да ја поддржиме. Процесот почна вчера. Задоволен сум од коалициските партнери од Коалицијата ‘За живот’ што се финализира со локалните избори во 2017 година. Со нив разговаравме и генерално, начелно  посоти заклучок дека треба да направиме се да поддржиме заеднички кандидат. Секако тоа треба да го потврдат и партиските органи и тела, но лидерите го потврдија како желба“, прецизира Заев, кој попладнево во Клубот на пратениците треба да има средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе