Заев во Берлин по поддршка од Меркел за датум за преговори

Скопје, 12 јуни 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев  во пресрет на самитот на Европскиот совет што треба да се одржи на крајот од јуни во Брисел, на кој треба да се утврди датум за пристапни преговори на нашата земја со ЕУ, денеска заминува во посета на Германија каде очекува позитивна порака од канцеларката Ангела Меркел во однос на добивањето на датумот за преговори.

„Во четврток очекувам позитивна порака од канцеларката Меркел со прецизни агенди и детали затоа што сите земји немаат никаква дилема ниту каков било аргумент против за добивање датум за Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ. Само треба да знаеме кога ќе бидат донесени конкретните одлуки. Премиерот Бабиш ќе ни помогне на Европскиот совет, ќе ја отвори дебатата, верувам дека романското претседателство ќе не стави на дневен ред заедно со претседателот Туск затоа што секоја позитивна порака е мотивирачка за нас да продолжиме понатаму“, посочи Заев вчера на заедничката прес-конференција со неговиот чешки колега кој престојуваше во официјална посета на земјава.

Тој нагласи дека политичките одлуки во земјата за тоа дали ќе има реконструкција на Влада или предвремени избори ќе зависат токму од одлуката на Европскиот совет, како и од пораките и јасното соопштување за извесните чекори коишто ќе му ги пренесе канцеларката Меркел на средбата што треба да се одржи во четврток. Убеден е дека земјата ќе добие датум за преговори.

„Нема дилеми дека ќе добиеме датум за преговори, важно е тоа да биде порано. Важно е да знае ЕУ дека таа за нас е атрактивна затоа што секогаш покажала мудрост да ги прави реформите внатре, но и да го држи процесот отворен за привлекување на новите земји кандидати за членство во ЕУ и верувам дека тоа ќе се случи. Оваа мотивација од ЕУ за нас е важна за да продолжиме понатаму“, рече Заев на новинарско прашање дали има донесено одлука за која од трите можни опции (реконструкција на Владата, предвремени парламентарни избори, враќање на мандатот) се одлучил, а кои тој претходно ги најави во случај да не добиеме датум за преговори.

Најави дека по средбата со Меркел во четврток, веројатно идниот викенд ќе следи седница на Централниот одбор на СДСМ, дека се постојано во координација со коалициските партнери и во зависност од одлуката на парламентарното мнозинство и дали тоа ќе се додржи така ќе ги носат одлуките.

„Транспарентни сме до самиот крај. Верувам дека јуни месец ќе ги заокружи  сите овие политички одлуки дома затоа што се што работиме е заради интеграциите во ЕУ и НАТО кои ни влијае комплетно позитивно на економските процеси и реформите“, рече Заев.

Работната посета на премиерот Заев на Берлин е на покана на Стопанската комора на СР Германија за источна Европа. Според најавата од владината прес-служба, Заев ќе предводи делегација на годишниот прием на Стопанската комора на Германија за источна Европа на кој ќе има свое обраќање.

Европската Комисија во извештаите за напредокот за земјите – кандидати што ги објави на 29-ти мај, им препорача на земјите членки да ги започнат преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија што поскоро, идеално во јуни, а македонскиот пример го нарече „блескав“ и „сведоштво“ за моќта на привлечност на ЕУ во регионот.

„Нашата порака е јасна, јасно рековме дека му препорачуваме на Советот да отвори преговори со двете земји во најбрзо време, сега одлуката е кај земјите членки. Двете земји се подготвени“, рече по презентацијата на извештаите потпретседателката на ЕК и шефица на европската дипломатија Федерика Могерини нагласувајќи дека станува збор за процес на преговори а не за членство во ЕУ.

Премиерот Заев пак оцени дека овој Извештај кој ја содржи 10-та по ред препорака за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ е најпозитивниот досега, потврдува дека ги исполнивме сите наши задачи и дека целосно сме подготвени за почеток на преговорите.

„Сега на потег се државите членки и институциите на ЕУ. На потег е Европа да испорача одлука што ќе ни ја донесе врз основа на нашите заслуги. Испораката има јасен став за старт на процесот на преговори  кој е и во интерес на ЕУ, за улогата на ЕУ како глобален играч за нејзината надворешна политика и за идните перспективи на овој регион. Отворањето на преговорите за пристап во ЕУ е единствната гаранција за одржување на домашната стабилност  и за одржување на реформскиот импулс во Северна Македонија со позитивни ефекти за целиот регион на Западен Балкан“, потенцира Заев.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе