Заев: Во знак на благодарност за вакцините летово ќе ги ослободиме од патарина сите српски граѓани

Премиерот Зоран Заев вели дека државата направила сѐ за да обезбеди вакцини и оти овој месец ќе стасаат дополнителни количини со кои ќе се овозможи непречено да продолжи процесот на вакцинација. Тој го поздрави пријателскиот гест на Србија која на земјава ѝ донираше вакцини и најави дека Владата ќе се оддолжи за пријателскиот гест.

– Ние сите сакаме дома да имаме вакцини, но тие се околностите. Јас имав непријатно чувство оти наши сограѓани патуваа во Србија по вакцини, но не смееме да кажеме дека државата не направила ништо, напротив, државата направи сѐ и во тоа сме сигурни. Тргнавме преку десетици компании, преку безбедносни служби со кои имаме реална соработка, сите да направат сѐ што можат. Не сакам да нѐ обвинуваат дека ништо не правиме. Вакцината е индивидуална одговорност, секој сноси одговорност за себе и може да одлучи каде сака да се вакцинира, коментираше премиерот Зоран Заев, во „Само интервју“ на Канал 5.

Сепак, тој призна дека не може да се минимизира чинот на Србија за подадената пријателска рака, па затоа и Владата бара начин како да им се оддолжи на српските граѓани.

– Никако не можеме да го минимизираме чинот на солидарност, на хуманост од страна на Србија. Тоа што го добивме во моментот од Србија како донација ни е доволно за периодов. Зборував со Израел, со Британија, Франција, значи речиси нема каде не сме се обратиле, но ете нашиот сосед ни излезе во пресрет. Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство. Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство, рече премиерот Заев во интервјуто.

Тој нагласи дека овој пат помалите држави ја почувствувале нерамноправноста на распределбата во однос на вакцините.

– КОВАКС има 142 држави, ние плативме 1,2 мииони евра за да го изградиме тој систем, значи сме дале пари за тој систем ама доцнеше испораката на вакцините. Дефинитивно, ако САД боцкала над 100 илјади граѓани дневно, можеле да кажат еве 2.000-3.000 вакцини за Северна Македонија. Ако Германија давала по 50-60 илајди во ден можеле и тие 2.000 до 3.000 да издвојат за нас. Но, така е кога одлучуваат политичарите кои се под притисок на јавноста. И ние не можеме да влегуваме во кавги затоа што ниту нешто ќе смениме, ниту ќе имаме повеќе вакцини на тој начин, изјави премиерот Зоран Заев, во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој направи збир на сите вакцини кои ги очекуваме во државата, а тоа како што рече се вкупно 2,6 милиони што би биле доволни за вакцинација на 1,3 милиони граѓани што, според него, е солидна бројка.

– Pfizer го потврди договорот, очекуваме првите 10.000 вакцини да стигнат деновиве, до 15 април. Инаку, имаме нарачано 800 илјади од Pfizer. Исто така, 800 илјади од КОВАКС системот, потоа имаме по 200 илјади од кинеската и руската вакцина, 100 илјади имаме преку системот на ЕУ, и потоа уште 500 илјади кинеска вакцина од другиот производител. Вкупно имаме 2,6 милиони вакцини и очекувам дека сега нема да има прекин во имунизацијата, односно дека процесот е започнат и ќе трае сѐ додека не се вакцинираат поголем дел од граѓаните, рече Заев во интервјуто.

реклама

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Македонија

Македонија меѓу земјите што воведуваат нови санкции против Белорусија по моделот на ЕУ

Read more

Утре сончево и топло, во деновите од викендот со дневна температура над 40 степени

Read more

Утре ќе нема струја во делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров

Read more

Санкционирани 166 пешаци на територија на цела држава

Read more

Вести

  • play_arrow

Гранада погодена од 7 земјотреси: Луѓето врескаа и трчаа

Читај повеќе

Македонија меѓу земјите што воведуваат нови санкции против Белорусија по моделот на ЕУ

Читај повеќе

Утре сончево и топло, во деновите од викендот со дневна температура над 40 степени

Читај повеќе

Утре ќе нема струја во делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров

Читај повеќе

Трамп: Ормускиот Проток е нова територија на САД

Читај повеќе

Сестрата на Драгана што загина во пожарот кај Омиш: Ѝ викнав да го фрли куферот и да трча, потоа исчезна

Читај повеќе

Автобус на ЈСП се запалил во движење: Возачот го изгаснал пожарот

Читај повеќе

Санкционирани 166 пешаци на територија на цела држава

Читај повеќе
  • play_arrow

Масакр во Украина: Русите ракетираа преполна раскрсница, многу мртви

Читај повеќе