Загадувањето на воздухот ги чини индиските бизниси 95 милијарди долари годишно

Токсичниот воздух што ги задушува индиските градови и убива стотици илјади луѓе, исто така, носи огромен економски товар за компаниите во земјата од околу 95 милијарди долари годишно, покажуваат анализите на истражувачи кои ги повикаа фирмите да водат сметка за загадувањето.

Аерозагадувањето ги скратува животите ширум светот во просек за речиси три години и предизвикува годишно милиони предвремени смртни случаи. Индија е една од најпогодените земји, со многу региони кои честопати се наоѓаат во смог од штетни честички.

Студијата на Lancet’s Global Burden of Disease проценува дека загадувањето предизвикало околу 1,7 милиони предвремени смртни случаи во Индија во 2019 година, што е речиси 18% од сите смртни случаи во земјата.

Врз основа на ова, новата анализа на консултантската фирма Dalberg Advisors откри дека отсуството од работа заради загадувањето, загубата на продуктивноста, намаленото трошење на потрошувачите и на туристите, ги чини индиските бизниси 95 милијарди долари годишно, што е околу 3% од бруто домашниот производ на земјата.

– Чистиот воздух е предуслов за бизнисот да напредува. Лидерите во индустријата треба да станат поборници во движењето за почист воздух, изјави директорот за Азија во Dalberg, Гаурав Гупта.

Изгубените работни години од стотиците илјади предвремени смртни случаи се проценува дека ја чинеле индиската економија 44 милијарди долари во 2019 година, се вели во извештајот, подготвен по нарачка на Clear Air Fund.

Освен тоа, Dalberg Advisors нагласува дека влијанието на загадувањето врз здравјето на индиските работници значи дека им се потребни 1,4 милијарди денови годишно за боледувања, што според нив се изгубени приходи од околу 6 милијарди долари.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Свет

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Read more

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Read more

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе