Закоњшек: Да се подобри брзината и достапноста на возови

Во Северна Македонија треба да се подобри брзината и достапноста на возови. Железничката линија Белград-Скопје сега е во лоша состојба бидејќи не се одржува и нема инвестиции во последниве 30 години. Железницата во Северна Македонија треба да се реконструира и да се користи почесто од страна на патниците и за превоз на товар, вели во интервју за МИА Матеј Закоњшек, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница на ЈИЕ.

Тој истакнува дека се во тек и во план активности за реновирање на клучните делници на паневропските Коридор 8 и Коридор 10, железнички рути што ја прават Северна Македонија важен транспортен центар.

– Од една страна, Коридор 10 е вашата врата кон остатокот од ЕУ, а преку Коридор 8 се поврзувате со Црното Море и Јадранското Море. Делови од Коридор 10 веќе се реконструирани со поддршка од ЕУ, но не и делницата која поминува низ вашата земја. Железничката линија до Грција е реконструирана, брзината достигнува 100 километри на час, но нема сообраќај. Инвестициите во инфраструктурата за да се зголеми брзината на возовите е од големо значење, но тоа треба да се одвива заедно со редовно одржување на железничката мрежа за да се зајакне безбедноста на патниците. Затоа набавката на нови товарни и патнички вагони со заем од ЕБОР беше чекор за поздравување за да се намалат трошоците за одржување, вели Закоњшек.

Според него, охрабрува фактот што има политичка волја да се забрзаат плановите за да се доврши железницата на Коридор 8, составена од 88 километри од пруги низ северноисточниот дел на државава.

– Штом биде завршена, ќе биде можно да се патува до Софија од Скопје со воз за 3,5 часа. Меморандумот за соработка, кој беше потпишан минатата година за изградба на одржлива инфраструктура од страна на Северна Македонија со Албанија и Бугарија е јасен знак за посветеност за завршување на Коридор 8 со поддршка од ЕУ до 2030. Делницата помеѓу Скопје и бугарската граница е идентификувана како еден од клучните проекти на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан на Европската комисија како дел од планот „Поврзување на Истокот со Западот“. Постојат можности за средства, постои политичка волја да има придвижување и се надевам реконструкција ќе започне пак на овие делници откако биле паузирани заради различни причини. Сигурен сум дека Македонците наскоро ќе ги видат придобивките на економски развој и намалени емисии, благодарение на подобрените железнички врски со Бугарија, порачува Закоњшек.

Говорејќи за исполнувањето на реформите од страна на државава и прилагодувањето на домашното со законодавството на ЕУ, како и исполнувањето на стандардите на европската транспортна мрежа Закоњшек укажува дека клучен чекор е усвојување, а потоа и примена на нов Закон за железници, подготвен од Министерството за транспорт и врски.

– Главната новина е дека јавната железничка инфраструктура може да се користи од приватни железници. Со отворањето на железничкиот пазар ќе се привлечат нови даватели на услуги и се надеваме дека ќе се овозможат начини граѓаните да патуваат поевтино и на начин кој е поеколошки, а бизнисите ќе можат да фунционираат со поголеми економски поволности и намалени трошоци. Во пракса, ова би значело дека Скопје треба да е поврзано со модерна железница со соседните земји и вашите граѓани ќе можат да појдат на еднодневен шопинг во Солун или на кратка посета на Белград. Соработка меѓу регионалните партнери е важна за да се постигнат овие цели. Задоволен сум што постои политичко разбирање во целиот регион за важноста на железницата, која беше изразена на Самитот на железници во Белград минатата година каде министрите за транспорт ја подржаа Декларацијата за железници, вели Закоњшек.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Македонија

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more

Без струја корисници од Долно Лисиче

Read more

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Read more
 

Вести

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Читај повеќе

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Читај повеќе

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Читај повеќе

ЕУ скандал: Европол хакиран, доверливи информации се на продажба

Читај повеќе

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Читај повеќе

Италија во проблеми: Младите работници бегаат во странство

Читај повеќе

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Читај повеќе

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Читај повеќе