Западот не сака да знаете: Божик се славеше и на плоштадите во Дамаск и Алепо

Ова се слики кои нема да ги видите во западните медиуми. Божикна прослава во Дамаск и Алепо, во една слободна Сирија, но слободна со Башар ал-Асад, по вкус на Путин, трн во око на Западот.

Руски, арапски, кинески, латиноамерикански и по некој балкански медиум. Толку. Само тие известуваат за прославите кои на плоштадите во сириските градови Дамаск и Алепо се одржаа синоќа, на католички Бадник, каде се празнуваше Христовото раѓање.

Со помош на руската армија Сирија кон крајот на 2016 година го врати под контрола Алепо, градот го кој претрпе најголема штета во војната и кој долго време беше под контрола на ИСИС. Токму во овој град живее најголем број на христијанско население на Блискиот Исток.

„Пред само две години, чекорејќи на овој плоштад значеше ризик да се биде мета на терористички снајперисти. Пред само две години, сите маала околу плоштадот „aл-Абасијa“ беа цел на деноноќен оган од страна на Жобар и други подрачја од Источна Хута. Но, откако сириската армија ја ослободи Источна Хута, Дамаск стана побезбеден од повеќето европски градови“, објави Сириската арапска армија.

„Исто така, еве и мала лекција по историја која ја искажува хармонијата во Сирија: плоштадот „aл-Абасијa“ е именуван по Абасидскиот Калифат кој бил трет исламски калифат после пророкот Мухамед. Тоа кажува доволно, Среќен Божик од Дамаск“, завршува соопштението на САА.

Помала прослава имаше и во малиот град Саиднаја, околу 25 километри северно од престолнината Дамаск. Таму се наоѓа православен манастир изграден од Јустинијан I.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе