Ѓумбирот е неверојатно ефективен во спречувањето на мачнотии или други желудочни тегоби како надуеност, запек и повраќање. Докажано е дека е одличен во борбата против настинки и грип, а комбинацијата од ѓумбир, лимон и мед ги победува сите инфекции.

Во комбинација со лимонот – ѓумбирот е одличен напиток кој го чува вашето здравје.
Начин на подготовка:
Во тенџере додајте една и пол шолја вода, 1 лажичка куркума и лажичка ѓумбир во прав. Доколку немате ѓумбир во прав, може да изрендате свеж ѓумбир.
Промешајте, поклопете и оставете на огин 5-10 минути.
Половина од готовиот напиток сипете го во шолја, а во остатокот од шолјата додајте сок од исцеден лимон. Засладете го пијалакот со една лажичка мед. Пијте 1 шолја дневно за да го подобрите вашето здравје, но и да се ослободите од масните наслаги и штетните токсини во телото.