Збогум, Сан Сиро: Милан и Интер се договорија да го срушат легендарниот стадион

По Висенте Калдерон на Атлетико Мадрид, уште еден култен историски стадион заминува во историјата. Вчера италијанските гиганти Милан и Интер објавија дека постигнале договор за изградба на нов стадион, поради кој ќе биде срушен легендарниот Сан Сиро.

Според претседателот на Милан, Паоло Скарони, стадионот ќе биде срушен, а во истиот кварт наречен Сан Сиро ќе биде изграден нов, современ стадион кој ќе одговори на потребите на двата клуба.

Стадионот Џузепе Меаца, или Сан Сиро, како што повеќемина го знаат, беше домаќин на четири финалиња од Лигата на шампионите и уште многу, многу дерби натпревари помеѓу миланските тимови и некои од најголемите европски гиганти, но во последните неколку години очајно му беше потребно реновирање. Сега, двата клуба се решија да вложат сериозно големи средства за да изградат нов стадион, наместо да се обидуваат одново да го реновираат стариот.

„Работите одат според планот. Стариот стадион ќе биде срушен, а на неговото место ќе никнат станбени згради“, изјави Скарони.

Според планот на двата клуба, Сан Сиро ќе биде срушен за да се ослободи место за цел комплекс на станбени згради кои ќе вдомат голем број луѓе. Новиот стадион, пак, ќе биде сместен во истиот кварт кој го носи името Сан Сиро и ќе биде изграден според најсовремените прописи, со цел да ги задоволи потребите на клубовите во иднина.

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала, неколкупати досега изјави дека не е голем фан на одлуката на клубовите, но дека ќе ја даде потребната дозвола доколку Милан и Интер се договорат за изградба на нов стадион. Тој во април изјави дека преферира да го види Сан Сиро одново реновиран, бидејќи стадионот претставува историски споменик и наследство на градот, кое со години е третирано како „светилиште“ на фудбалот.

Ако работите се одвиваат според планираното, новиот стадион би требало да биде пуштен во употреба за сезоната 2022/2023.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе