Зелено сценарио: Се работи на забрана на увоз на возила под стандардот

Државата во првата половина од годината планира да ја заокружи регулативата за спроведување проекти што ќе ја подобрат енергетската ефиканост и ќе се овозможат инвестиции во таа област во наредните пет години. Во примената на т.н зелено сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година неопходни се конкретни чекори од сите чинители, меѓусекторска соработка, но и  промени во образованието за јакнење на свеста за важноста на зелената енергија уште од најмала возраст.

За изработката на програмата за спроведување на Стратегијата во наредните пет години денеска дебатираат владини и претставници од енергетскиот, академскиот и невладиниот сектор на конференцијата „Визија за енергетска транзиција“.

-Како Стратегија што се однесува до рамката за закони правилници и подазконски акти сме при крај да го заокружиме овој процес за да во наредните пет години влеземе во инвестициски циклус каде нашата држава истовремено ќе биде и позелена и порацонална и ефикасна во однос на инвестиции во енергетскиот сектор, рече министерот за економија Крешник Бектеши на панелот на конференцијата посветен на владините приоритети во областа на енергетиката.

Направивме, појасни Бектеши, неколку реформи во енергетиката, првично со носење на новиот Закон за енергетика, но и со Стратегијата каде главно  и според експертите во нашата држава и нашите сратешки и странски партнери РСМ треба да се насочи  во наредните неколку години во делот на транзицијата на енергетската дејност. Во рамки на тоа сите мерки и програми што почна да ги развива Министерството за економија се насочуваат на обновливите извори, но и на транзицијата бидејќи главно во нашата држава електричната енергија се произведува од традиционалните извори.

Во таа насока, според Бектеши, веќе е дадено големо значење на гасификацијата на државата која, потенцираше, е еден од најдобро реализираните проекти во изминатите две три години. Веќе сме влезени во втората фаза во делот на дистрибуцијата со природен гас, а дополнително на тоа со нашите странски партнери имавме јавни повици што се однесуваат до привлекување на инвестиции како што се фотоволтаични централи и на државно и на приватно земјиште.

Како што информираше, се подготвуваат подзаконските акти и правилници што произлегуваат од Законот за енергетска ефикансот.

-Убедени сме дека во првата половина на 2021 година ќе ја заокружиме првата рамка во однос на почнување на реализација на голем број проекти за енергетската ефиканост. Министерството за финансии веќе испрати до Собранието закон за заем во делот на енергетската ефикасност, а дополнително на тоа имаме голема поддршка и од Делегацијата на ЕУ за создавање фонд за енергетска ефикасност. Голем дел од заемот од СБ ќе биде да се реализираат проекти во јавниот сектор првично, што би било добра порака истовремено и за приватните компании кои на некој начин ќе бидат подготвени и тие да ги исполнат сите мерки што призлегуават од Законот за енергетска ефикасност, но и за енергетските компании во нашата држава бидејќи се предвидени мерки и програми што и тие треба да ги спроведат во наредните години, појасни министерот за економија.

При крај е, како што соопшти, подготовката на тендерската документација за нов повик за изградба на фотонапонски централи.

-Кон втората половина на март, почетокот на април убеден сум дека комисијата ќе биде подготвена за да можеме да објавиме дополнителен повик во изградба на фотонапонски централи. Тоа ќе биде на приватно земјиште имајќи предвид дека на државното земјиште има процедури за потенцијалните инвеститори, а истовремено треба да се изготват и документации од релевантните институции, рече Бектеши, потенцирајќи дека е задоволен од резултатите во спроведување на првиот пови и оти се очекува до септември годинава да бидат во функција сите инвестиции согласно спроведената аукција.

Тој најави дека МЕПСО ќе почне со реализација на одредбите од меморандумот со Бугарија што, потенцира, ќе биде важно за нашата држава во делот на балансирањето, но истовремено и почеток на регионалното спојување на пазарот со електрична енергија.

Министерот за животна средина Насер Нуредини, пак, ја истакна важноста во следењето на полииката за ублажување на климатските промени.

-Ние ќе го имплементираме нашето зелено сценарио во нашата земја. Планираме да го интегрираме и климатскиот план кој е од огромна важност во нашата земја. Кога зборуваме за енергетиката со оглед на фактот  дека таа е еден од клучните придобесувачи за емисиите на CO 2  во нашата земја подготвуваме долгорочна стратегија за климатските промени која ја дефинира патеката како ќе продлжиме понатаму во секторот на енергетика односно ќе го дефинира патот на индустријата во нашата земја што подаразбира контрола,  отчет и мониторинг. Важна е и меѓусекторската соработка на сите чинители. Ќе треба да се оддалечиме од нашите централи и индустрии кои работат на јаглен и треба да работиме на нашето зелено сценарио, рече Нуредини.

Потребно е, порача, вклучување на сите институци, не само од енергетскиот сектор, туку за возилата, транспортот… Среде процес сме, укажа, за забрана на увоз на возила под стандардот што е од голема важност.

-Во однос на програмите и олеснувањето на мобилноста на нашата земја со министерот за финансии работимена наоѓање нови предлози не само за субвенции, туку и на даночни олеснувања за електрични и хибридни возила.  Децата треба да почнеме да ги образуваме уште во раниот образовен систем, да работиме и на високото образование, да се почне со вметнување на обуки, курсеви, за декарбонизацијата, за енергетската ефикасност, за еко енергијата. Предлагаме шест нови закони за сметот кој исто така генерира емисии на јаглерод диоксид, треба да ги пронајдеме и да најдеме нов соодветен начин за управување со нив, рече Нуредини, истакнувајќи дека меѓусекторската соработка е важна и во мерките за намалување на локалното загадување.

Конференцијата продолжува со дискусија за ефектите од енергетските реформи. Активностите се дел од проектот „Развој на програма за имплементација на Националната стратегија за развој на енергетиката“ финансиран од Британската амбасада Скопје преку Фондот за добро управување (GGF).

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе