Зеленски: Победата и враќањето на Трамп силно ќе влијае на војната во Украина

Макфакс
/ 20.12.2023 / 08:09

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа може да има „големо влијание“ врз војната во Украина, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ако политиката на следниот претседател, кој и да е тој, биде различна кон Украина, постудена или поштедлива, тогаш мислам дека овие сигнали ќе имаат силно влијание врз текот на војната“, рече Зеленски.

Зеленски оцени дека Доналд Трамп е „поинаква личност“ од Џо Бајден и дека затоа ќе има „поинаква политика“. Сепак, украинскиот претседател се надева дека ќе се задржат главните карактеристики на американската политика кон Киев, пишува агенцијата France Press.

Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември следната година, а многу набљудувачи веќе ги сметаат за декларација за континуираната поддршка на Западот за Украина. Намалувањето на американската поддршка за Украина би можело да влијае и на онаа на Европската Унија, која „сигурно нема да има позитивен ефект врз Украина“, смета украинскиот претседател.

„Убеден сум дека САД нема да нѐ издадат, дека ќе се почитува она што таму го договоривме“, смета Зеленски. Тој го изјави ова неколку дена по враќањето од дипломатската турнеја чија цел беше да ги убеди САД и Европа да продолжат со воената поддршка на Киев, кој речиси две години се бори против Русија.

На патувањето тој успеа да ги отвори пристапните преговори со ЕУ, но не успеа да добие поддршка од американскиот Конгрес за околу 61 милијарда долари нова помош. Ниту ЕУ не успеа да се договори за пакет помош од 50 милијарди евра за Украина, бидејќи беше блокиран од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Зеленски рече дека би сакал да се сретне со него за „да се најде решение“ за несогласувањата. „Ние сме соседи и се обидуваме да најдеме решенија за нашите прашања. Но, за тоа треба да организираме состанок“, рече тој.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе