Зеленски: Путин се плаши од неговиот народ, само тој може да го промени

Рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од нуклеарен напад. Тој се плаши од неговото општество, од неговиот народ. Бидејќи само тој народ може да го промени, да му ја одземе моќта и да ја даде на некој друг, смета претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тој во интверју за BBC повика на воведување превентивни санкции против Русија. Како што тврди украинскиот претседател, претставниците на државата почнаа да го подготвуваат руското општество за можна употреба на нуклеарно оружје во војната.

– Тие почнуваат да го подготвуваат нивното општество. Тоа е многу опасно. Не се подготвени да го сторат тоа, да го користат. Но, почнуваат да комуницираат. Не знаат дали ќе го користат тоа или не. Мислам дека е опасно дури и да се зборува за тоа, појасни Зеленски, зборувајќи за потенцијалната руска употреба на нуклеарно оружје.

Тој додаде дека не повикал на нуклеарни удари на Русија. Зборот што го употребил на украински, бил сфатен погрешно.

Според Зеленски, потребно е да се дејствува сега бидејќи „заканите на Русија се ризик за целата планета“. Москва „веќе направила чекор со заземањето на нуклеарната електрана Запорожје“. Станува збор за најголемата нуклеарна електрана во Европа, што рускиот претседател се обидува да ја претвори во руска сопственост.

Тој ја коментираше и руската делумна мобилизација. Претседателот на Украина ги повика Русите „да се борат за нивните права, тело и душа“.

– Овие мобилизирани деца сега доаѓаат без митралези, панцири, тие се само топовско месо… Доколку не сакаат да бидат ќебап, треба да се изборат за нивните животи, изјави Зеленски.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе