Земјава подготвена за полошо сценарио со COVID-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Евентуалното полошо сценарио со вирусот COVID-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. Ова сценарио, како што вчера нагласи министерот за здравство Венко Филипче, би можело да се избегне, но доколку тоа не се случи, здравствените власти ќе го дочекаат подготвени.

Вториот бран на вирусот, според Филипче, бил резултат на непочитувањето на мерките за заштита. Тој смета дека мора да има санкции таму каде не се почитуваат мерките. Изминатиот период, како што рече, имаше потфрлања, не се контролирале луѓето и местата каде се организирале настани. И граѓаните мора да се свесни дека мерките треба да се почитуваат за да го заштитат сопственото и јавното здравје.

За секој еден пациент со COVID-19, Филипче тврди дека е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето на респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина.

Тој вчера соопшти и дека во следните недела до две ќе се знае дали од септември ќе почнат со работа градинките и училиштата. Веројатноста, како што рече, е голема, но да се усогласат сите протоколи.

 

Во земјава вчера беа регистрирани 113 нови случаи со COVID-19. Од нив во Скопје 35 нови, Штип 23, Гостивар 15, Куманово 12, Битола 7, Охрид 6, Тетово 5, Кочани и Демир Хисар по 2, а Прилеп, Струга, Пробиштип, Македонски брод, Валандово и Виница по 1 случај.

Починаа шест пациенти, три од Скопје, на 64, 22 и 83 годишна возраст, еден од Куманово на 72 години, еден од Струга 48-годишен и еден од Охрид на 75 годишна возраст. Дваесет и двегодишниот пациент од Скопје, како што соопшти вчера Министерството за здравство, имал Даунов синдорм. Тој во тешка општа состојба бил примен во болницата „8 Септември“ на 16 јули. Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Оздравеа 259 пациенти од: Скопје-103, Штип-75, Тетово-31, Гостивар-19, Куманово-13, Свети Николе-4, Битола, Кавадарци, Кочани, Пробиштип, Кратово и Ресен по двајца, Демир Хисар и Дебар по еден пациент.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на COVID-19 и 6 деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 78 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402.

Во Скопје има најмногу активни случаи 1.231, а од нив во општината Чаир 164, Аеродром 139, Кисела Вода 129, Гази Баба 121, Карпош 110, Центар 101, Шуто Оризари 100, Бутел 80. По Скопје, најмногу активни случаи во земјава има во Штип 381, потоа во Гостивар 283, Куманово 260, Струга 187, Тетово 186, Свети Николе 130, Дебар 117 и Кичево 109.

Досега во земјата се направени вкупно 109.946 тестирања на COVID-19.

Правилната употреба на маската или прекривката за лице е клучна за ефикасно спречување на ширење на вирусот COVID-19. Носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата е задолжително во сите јавни затворени простори, како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори, каде нема можност за одржување дистанца од два метри меѓу граѓаните, како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.

Министерството за здравство вчера потсети дека клучно за справување со вирусот е доследно да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од страна на секој граѓанин – носење лична заштитна опрема – маска, одржување на растојание од два метри, честа хигиена и дезинфекција на раце.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе