Земјотресот во Турција и Сирија е седмата најголема катастрофа во овој век

Два моќни земјотреси во период од неколку часа во понеделникот рано утрото, разурнувајќи градови и населби низ огромното подрачје на Јужна Турција и Северозападна Сирија, брзо станаа една од најтешките катастрофи во овој век, со бројот на загинати веќе над 20.000.

Во прилог ќе ги разгледаме некои од најголемите природни катастрофи на XXI век:

Цунами во Индискиот Океан

Земјотрес со јачина од 9,15 степени по Рихтер во близина на островот Суматра на 26 декември 2004 година предизвика цунами што ги зафати Индонезија, Тајланд, Индија, Шри Ланка и многу други земји во регионот, убивајќи најмалку 230.000 луѓе, оставајќи 43.000 исчезнати и опустошувајќи села и туристички острови.

Земјотресот на Хаити во 2010 година

Земјотрес со јачина од 7 степени на 13 јануари 2010 година го уништи главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и уби околу 316.000 луѓе. Обединетите нации проценуваат дека 80.000 згради во Порт-о-Пренс и околните области се уништени.

Циклон во Мјанмар

Циклонот Наргис ја премина делтата на Иравади и јужниот дел на Јангон, поранешниот главен град на Мјанмар, вечерта на 2 мај 2008 година со ветрови од 240 км/ч. Загинаа околу 140.000 луѓе, а 2,4 милиони беа сериозно погодени од последиците.

Земјотрес во Кина

Земјотрес со јачина од 7,8 степени ја погоди кинеската провинција Сечуан на 12 мај 2008 година, при што загинаа околу 87.600 луѓе.

Земјотрес во Пакистан

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар североисточно од Исламабад на 8 октомври 2005 година загинаа најмалку 73.000 луѓе. Земјотресот го погоди и индискиот регион Кашмир, каде загинаа 1.244 лица.

Земјотрес во Иран

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди југоисточната иранска провинција Керман на 26 декември 2003 година, при што беше срамнет градот Бам, при што загинаа 31.000 луѓе.

Земјотрес/цунами во Јапонија

Земјотрес со јачина од 9 степени и цунами го погодија североисточниот дел на Јапонија на 11 март 2011 година, при што загинаа околу 15.690 луѓе. Земјотресот ја предизвика и најтешката нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил во 1986 година.

Земјотрес во Индија

Земјотрес со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала го погоди индустрискиот центар на Индија, Гуџарат, на 26 јануари 2001 година, при што загинаа најмалку 14.000 луѓе, а повеќе од 150.000 беа повредени.

Земјотрес во Непал

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Непал на 25 април 2015 година, при што загинаа речиси 9.000 луѓе.

Земјотрес/цунами во Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Сулавеси на 28 септември 2018 година, што резултираше со цунами од 1,5 метри. Повеќе од 4.300 луѓе загинаа.

Земјотрес на Хаити во 2021 година

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Хаити на 14 август 2021 година, при што загинаа повеќе од 2.200 луѓе, а беа уништени или оштетени околу 13.000 домови.

Ураганот Катрина

Ураганот Катрина го погоди Њу Орлеанс на 29 август 2005 година, совладувајќи ги ѕидовите против поплоави, ставајќи голем дел од градот под 4,57 метри вода. Загинаа околу 1.800 луѓе. Повеќето од жртвите беа во сојузната американска држава Луизијана, но соседниот Мисисипи исто така беше тешко погоден.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе