Хроника

Жена се бори за живот откако ја удрил автомобил на патот Тетово-Јажинце

12. јануари 2018 - 12:22 | Макфакс

На регионалниот пат Тетово-Јажинце синоќа околу 22.30 часот се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С. (39) од с. Џепчиште удрило во пешак Ќ.С.(56) од с.Џепчиште.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.С. која била пренесена во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош била префрлена на Комплексот клиники „Мајка тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Коментирај