Жените од филмската индустрија во Кан протестираа против дискриминација

Австралиската актерка Кејт Бланшет, која беше претседателка на жирито на овогодинешниот Кански филмски фестивал, беше на чело на протестот наречен „Let’s Climb“ на кој учествуваа 82 жени од филмскиот свет.

Во заедничкиот протест се обединија актерки, сценаристки, режисерки и останати филмски работнички. Hollywood Reporter пишува дека бројот 82 е значаен, бидејќи го симболизира бројот на жени режисерки кои учествуваа на фестивалот во текот на неговото 71-годишно постоење.

„На овие скалила денес стојат 82 жени. Тоа е симболичен број кој го означува бројот на жени кои се качија тука откако Канскиот фестивал беше за првпат одржан во 1946 година. Во истиот тој период на овие скалила се качија 1.688 мажи режисери. Тие факти се силни и неоспорливи. Жените не се малцинство во светот, а сепак состојбата во нашата индустрија вели поинаку. Ние жените се соочуваме со тие предизвици, но денес стоиме на овие скалила како симбол за нашата одлучност и посветеност за напредок“, прочитаа Кејт Бланшет и Агнес Варда во заедничкото соопштение.

Со овој гест повторно беше истакнат проблемот со нееднаквост за жените во повеќе индустрии. Тие нагласија дека, помеѓу останатото, очекуваат да бидат подеднакво платени за истата работа и дека очекуваат сите работнички пред и зад камерата ќе бидат еднакви со машките колеги.

„Скалилата од нашата филмска индустрија мораат да им бидат достапни на сите. Да се качиме сите по нив“, порачаа на крајот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе