Живот по разводот: Грижата за децата не треба да биде пречка за наоѓање нов партнер

Многу самохрани родители се откажуваат од љубовниот живот по разводот, бидејќи се плашат дека новиот партнер може да влијае на односот со децата.

Сепак, постои начин кој ќе ви помогне да ги помирите двете страни, а сигурно нема да влијае на вашето време и љубовта што му ја давате на детето, велат експертите за врски Алесандра Конти и Кристина Пинеда .

Тие понудија и неколку совети за одржување на хармоничен однос со детето, но и со емотивниот партнер.

1. Излегувајте со луѓе кои можат да бидат потенцијален пример на кој може да се оглдаат вашите деца

Секогаш ги советувам родителите да изберат партнер/ка кој/а ќе биде пример за децата, бидејќи така се гради довербата во идната врска меѓу нив.

2. Однесувајте се онака како што би сакале вашето дете да се однесува

Излегувањето често предизвикува многу нервоза, возбудено исчекување, болни прашања и искрена желба да се игнорира претпазливоста и целосно да се предадете. Можеби после долго време конечно ќе се забавувате со некого, но зачувајте ја вашата самодоверба, вредности, дисциплина и мудрост.

3. Најдете време за себе

Ако целосно се посветите на грижата за децата, ќе ги запоставите вашите потреби и потребите на вашата душа. Затоа треба да одвоите време за нив за викендите, но и време за себе. Самохраното родителство вклучува хармонија и рамнотежа помеѓу вашите и потребите на вашето дете. Излезете понекогаш на вечера, децата можат да останат со дадилката или некоја роднина. Трудете се да се израдувате со мали задоволства, бидејќи времето поминато со детето ќе биде поквалитетно доколку родителот е задоволен од себе.

Не ги одложувајте договорите што ги правите со децата, бидејќи ќе ги повредите и ќе ја изгубите нивната доверба.

4. Не го запознавајте партнерот со децата веднаш

Дури и откако ќе ја дефинирате врската, можеби е добра идеја да почекате уште 3 месеци за да бидете сигурни дека вашата врска ќе го издржи тестот на времето.

Децата лесно се поврзуваат и запознавањето премногу „нови“ партнери на родителите може да доведат до разочарување.

5. Не го изложувајте вашето дете на ризик

Споменатите специјалисти за врски забележуваат дека запознавањето со партнер преку апликации за запознавање е опасно бидејќи никогаш не знаете кој е од другата страна на екранот. И тој ризик не ви треба ниту вам, ниту на детето.

6. Зборувајте за сè

Пред да се впуштите во нови авантури, мора да го оставите минатото зад себе и да гледате во иднината. Излегувањето со нови партнери додека сè уште размислувате за вашиот поранешен сопруг може лесно да ви го наруши животот, но и да внесе хаос и конфузија во животот на децата.

Иако вашите деца се центарот на светот, обидете се да изберете други теми освен вашите деца кога за првпат ќе излезете со нов партнер.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе