Жрепка Европа конференциска лига: Тричковски против Вест Хем

Филип Здравески
/ 24.02.2023 / 13:20

По жрепката за Лига Европа во Нион следуваше и жрепката за најновото и трето по ранг европско клупско натпреварување, Европа конференциската лига.

Двата барабана беа одредени според истиот принцип како и за Лига Европа: во првиот барабан беа победниците на осумте групи, кои не играа во плеј-оф фазата, а во вториот победниците токму од плеј-оф, каде се натпреваруваа второпласираните од групите и оние кои дојдоа од Лига Европа. Токму синоќешните победници од плеј-оф дуелите се најдоа во тој втор барабан.

Жрепката ја вршеше Владимир Шмицер, кој годинава е амбасадор на финалето кое се игра во неговата татковина. Пензионираниот офанзивец запиша 80 настапи за Чешка на кои постигна 27 голови, а играше за Славија, Ланс, Бордо и Ливерпул каде и најмногу се задржа играјќи на 183 натпревари.

Тимот на нашиот поранешен репрезентативец Иван Тричковски, АЕК од Ларнака, се најде во оваа фаза играќи ја својата најдобра европска сезона во историјата, а фортуната одлучи за пласман во четвртфиналето налета на најголемата мина од првиот барабан - премиерлигашот Вест Хем.

Осминафинални двојки:

АЕК - Вест Хем
Фиорентина - Сиваспор
Лацио - АЗ
Лех - Јургорден
Базел - Слован
Шериф - Ница
Андерлехт - Виљареал
Гент - Башакшехир

Натпреварите ќе се играа на 9 и 16 март, по што ќе следува жрепката за четвртфиналето и полуфиналето. Финалето годинава се игра на 7 јуни на „Еден Арена“ во Прага, Чешка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе