Зибери: Во Скопје поголемиот број заразени се постоечки кластери

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Во Скопје поголемиот број заразени со коронавирус се постоечки кластери каде што се шири заразата меѓу членовите од семејството, но факт е дека има и некои нови кластери. Затоа ни се зголемуваат и бројките овие денови, изјави вечерва директорот на Институтот за јавно здравје Арбен Зибери во гостувањето на „Топ тема“ на Телма телевизија.

– Во последните десет дена односно две недели ние секој ден имаме повеќе од 100 новодијагностицирани. Зголемен е обемот на работа доста, засега немаме проблеми со епидемиолошките анкети. Денес во Комисијата за заразни болести беше договорено освен сегашните биолози да ни се приклучат и доктори од трудова медицина и епидемиолози од Воената болница, рече Зибери.

Повтори дека денеска од 193 заразени, 140 се од Скопје и оти досега тоа е најголемата бројка што ја регистрирале.

– Новозаразените доаѓаат отприлика од истите општини каде што се регистрираат поголем број на случаи, како што се Чаир, Аеродром, Гази Баба, Центар и Бутел. Во овие општини ги имаме најголемиот број на новозаболени и активните случаи, вели Зибери.

Посочува дека екипите на ИЗЈ се секој ден на терен, епидемиолозите прават анкети и ги контактираат сите луѓе без разлика дали се асимптоматични и имаат здравствени проблеми.

– Сега за сега не е разговарано дека треба да се бара помош од надвор. Досега и до овие моменти ние потполно ја имаме под контрола ситуацијата и нашите болници се подготвени и  нормално се диксутираат и некои други варијанти за проширување на капацитетите како што беше денеска ставена и мобилната болница и приватните болници, истакна Зибери.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе