Зидан го презема ПСЖ: Шпански медиуми тврдат - договор е постигнат

Поранешниот француски виртуоз, а сега докажан тренер, Зинедин Зидан, по крајот од сезоната ќе седне на клупата на ПСЖ, пренесуваат неколку шпански медиуми.

Медиумите од Пиринеите тврдат дека сегашниот тренер Кристоф Галтје ќе ја заврши сезоната по што ќе добие отказ, а неговото место ќе го преземе Зидан.

„Постојат два клуба кои се опции за Зидан. Колку и да звучи изненадувачки, едниот е Реал. Зидан има одличен однос со претседателот на Реал, Флорентино Перес. Другиот клуб кој е заинтересиран за Зидан е ПСЖ. Зидан минатоито лето веќе преговараше со ПСЖ“, пишува Mundo Deportivo.

Шпанските медиуми наведуваат дека постојат поголеми шанси познатиот француски тренер да го преземе ПСЖ отколку да се врати во Реал. Исто така, потсетуваат дека Зидан очекувал дека по Мундијалот во Катар ќе стане селектор на Франција, но Дидје Дешан го продолжи договорот со Фудбалската федерација на Франција (ФФФ).

Mundo Deportivo наведува дека евентуалното доаѓање на Зидан во ПСЖ ќе донесе бројни промени во тимот кој е актуелен шампион на Франција, а неговиот прв потег би бил продажба на Нејмар во друг клуб.

Зидан, кој има 50 години, во два наврата беше тренер на Реал - од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година. Со мадридскиот клуб освои вкупно 11 трофеи.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Фудбал

Поради досадниот ПСЖ, Французите го менуваат форматот на лигата

Read more

Раул Асенсио обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Read more

Заврши сезоната за Феран Торес

Read more

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Read more
 

Спорт

Поради досадниот ПСЖ, Французите го менуваат форматот на лигата

Читај повеќе

Раул Асенсио обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Читај повеќе

Заврши сезоната за Феран Торес

Читај повеќе
  • play_arrow

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Читај повеќе

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Читај повеќе

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Читај повеќе

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Читај повеќе