Зидан прави чистка во Реал, има нова филозофија на игра

Славниот дефанзивец и поранешен соиграч на Зинедин Зидан во француската репрезентација Марсел Десали синоќа играше на ревијален натпревар меѓу легендите на Челзи и Реал Мадрид.

Пред натпреварот откри еден по малку неверојатен податок за некој кој имал толку импозантна кариера.

„Никогаш не сум играл на Сантијаго Бернабеу. Ова е одлична прилика конечно да ја исполнам таа желба“, откри 50-годишниот Десали.

По натпреварот во интервју за Marca го коментираше и поранешниот соиграч и старо-нов тренер на Реал, Зидан.

Тој смета дека Зидан подготвива голема промена во стилот на игра и затоа толку драстично го менува составот на екипата.

„Има нов стил, нова филозофија, затоа бара нови играчи. Јасно е дека мора да се ослободи од некои играчи кои имаат потенцијал, но веќе не вредат толку бидејќи не можат да го следат она што тој го бара“, објаснува Десали.

Зидан како тренер со Реал освои три трофеи во Лигата на шампиони, а неговото враќање на клупата на „Кралскиот клуб“ по само девет и пол месеци откако си замина беше огромно изненадување за сите.

„Враќањето не е проблем. Се согласи да се прилагоди на новиот циклус и среќен е што има играчи кои уште имаат огромни квалитети. Само треба поголема конкуренција во екипата и нов план за враќање на врвот“, смета Десали, кој во кариерата играл за Нант, Марсеј, Милан и за Челзи пред да заврши во катарските клубови Ал-Гарафи и Катар СК.

За француската репрезентација одигра 116 натпревари и заби три гола, а во 1998 година го освои Светското првенство. Со Марсеј ја освои Лигата на шампиони во 1993 година, а една година подоцна со Милан. Од фудбалот се повлече во 2006 година, а подоцна во неколку наврати работеше како спортски аналитичар за неколку медиуми.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе