Знаци кои откриваат дека мажот е лош во кревет

Кои мажи се лоши во кревет? Одговорот на ова прашање е сложено, но жените успеаја да одвојат кои работи не ги сакаат во сексот и зошто поради нив имале лошо искуство во кревет.

Мажите и жените различно го доживуваат сексот. Дури и различно доживуваат оргазам. Она што можеби им се допаѓа на мажите, на жените нема да им биде убаво. И обратно.

Сепак, постојат некои работи кои мажите често ги прават во кревет, а поради кои жените ги етикетираат како лоши љубовници.

Еве за што станува збор:

1. Сака да се фали со големината на пенисот

Кога мажот очекува жената да го пофали поради големината на пенисот, тоа воопшто не делува привлечно за понежниот пол. Укажува на несигурност, а тоа секако не е особина која ќе ја разгори страста кај жената.

Совет на сексолозите е ако жената се грижи за партнерот да го увери дека величината на неговиот пенис е сосема совршена за нив, но и дека нема потреба за тоа постојано да зборуваат.

2. Форсира брз ритам

„Ако мажот со половиот орган нагло се забива во жената и пенетрира со брз ритам, како дупчалка, веројатно нема многу искуство во спалната соба“, тврди сексологот Клер Кавано.

Постои и опција дека брза за да достигне оргазам или пак стравува дека ќе ја изгуби ерекцијата, но која и да е причината, на жените тоа не им е убаво. Имаат впечаток како да не учествуваат во сексот, туку како да се само помошно средство за мастурбација.

Сексологот вели дека жените најчесто преферираат побавен ритам со триење, бидејќи им носи поголемо задоволство.

3. Губи интерес веднаш по завршување на сексот

Порано жените се жалеа кога по сексуалниот чин, мажот ќе се сврти на друга страна и ќе заспие. Сега им смета нешто друго. Сè повеќе мажи по оргазмот се фаќаат за телефонот. Жените не сакаат вакво однесување, се поништува блискоста (емотивната и сексуалната) која постоела во текот на односот.

Сексолозите советуваат малку да поразговарате со партнерката пред да видите што има на социјалните мрежи. Насмејте се заедно, лежете прегрнати, сплотени, ќе ви биде убаво и на двајцата.

Тагови
реклама

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе