Сите хороскопски знаци имаат свои квалитети и недостатоци, но еден посебно се издвојува како најнапорен и најдосаден знак во Зодијакот.
Најдосадни се Девиците, кои важат за злопамтила и големи ситничари, склони од сè да направат проблем ако не е онака како што замислиле.
Во случај да се обидете да ја олесните сериозната ситуација со шега, Девиците нема да се одушеват од вашиот добронамерен гест. Тие сакаат ред, работа и дисциплина, па нека не ве чуди ако на некоја забава ви зборуваат за одреден деловен проект.
Секогаш паметат што им е ветено, па ако нешто сте им ветиле пред една или повеќе години, без двоумење Девиците ќе ве потсетат на тоа среде опуштен разговор.
За Девиците нема забава, сакаат да се опуштат кога сè ќе биде совршено и без мана, што значи скоро никогаш.