Знаете ли што е дигитална детоксикација и зошто е исклучително важна?

Доколку забележувате дека интернетот и социјалните мрежи го откриваат скоро секој детаљ од вашиот приватен живот, време е да направите детокс на податоците.

Иако можеби сметате дека вашите приватни податоци се заштитени, колку и да сте внимателни не можете во целост да ги заштитите вашите лични податоци. Практично секоја веб страна или електронски уред бараат да го внесете вашето име, датумот на раѓање, податоците на кредитната картичка и слично.

Освен тоа, маркетинг агенциите немилосрдно ги следат вашите интереси, локацијата, полот, националноста, возраста и сè останато што може да се користи за категоризација и означување на потенцијалните клиенти. Сето ова може да биде многу вознемирувачко.

За да помогнат во решавањето на овој проблем, Тactical Tech и Mozilla во 2017 направија Data Detox Kit кој ви помага да го исчистите дигиталниот неред кој сте го направиле. Data Detox Kit вреди, но процесот на заштита на податоците одзема време.

Ви препорачуваме четири поедноставни начини како да направите детоксикација на вашите податоци со минимален напор.

Чистете ги апликациите

Вашиот телефон е полн со апликации кои не ги користите. Ослободете се од нив. Не само што го успоруваат вашиот телефон, туку и содржат многу информации за вас. Со бришењето на апликациите кои не ги користите, ја зголемувате сигурноста но и ослободувате меморија во телефонот.

Исклучете ја локацијата

Податоците за вашата локација даваат повеќе информации отколку што може да замислите. Со следењето на чекорите, не само што може да се открие каде работите, туку и каде живеете, дури и во која продавница купувате.

Лозинки

Доколку користите само една лозинка за повеќе профили, а таа содржи лични податоци, секој може да има лесен пристап до вашиот профил. Смислете повеќе лозинки и меморирајте ги во вашиот телефон.

Исчистете ги социјалните мрежи

Профилите на социјалните мрежи постојано собираат ваши лични податоци, од лични податоци, па сè до местото каде купувате колачиња. На тој начин на многу луѓе им давате пристап до информации за вашиот живот, а за тоа не сте свесни.

Освен тоа, постојат многу маркетинг компании кои можат да креираат прецизен профил за вас следејќи ги веб страниците кои ги посетувате, групите на кои сте член итн.

Најдобро решение е да ги деинсталирате апликациите на социјалните мрежи, но доколку не можете да го деинстралирате вашиот профил, тогаш влезете во поставките за приватност и направете селекција за тоа кој може да ги гледа вашите објави, фотографиите на кои сте означени итн. Размислувајте за она што го објавувате, не мора сите да знаат каде сте и што правите.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе