Без обѕир дали се користи свежо или сушено, ориганото е популарен лековит зачин кој како чај се користи илјадници години. Затоа што е антиоксидантен, антитуморски лек, ориганото помага при лечењето на разни болести.
Најчест начин за лечење со оригано е преку пиење на чај од оваа билка. Чајот од оригано може да се подготвува од свежи или сушени билки. 1 до 2 лажици оригано се ставаат во вода која врие, се остава да отстои околу 5 минути, а потоа се процедува и, нормално, се пие.
За да се решите од габични инфекции на стапалата, едноставно намачкајте ја ногата со разредено масло од оригано. Бидејќи е антикарцерогено, се препорачува секојдневно да се пие по една лажичка оригано за да се спречи појава на тешки заболувања.
Чајот од оригано може да излечи или ублажи:
- гушење
- гастритис
- кашлица и настинка
- дигестивни нарушувања
- болки во мускулите
- забоболка
- акни
- алергии
- надуеност
- умор
- главоболка
- болка во ушите
- срцеви тегоби
- жиговина
- инфекција на мочниот пат
- менструални грчеви
Потребни состојки:
- 4-6 лажици сушени листови оригано
- 3 шолји вода
- 1 парче лимон
- малку мед
Подготовка:
Во зовриена вода ставете го ориганото и оставете го да вие, а потоа тргнете го од рингла и оставете го да отстои околу 4 минути. Во процедениот и подизладен чај ставете лимон и мед. Пијте во текот на целиот ден.