Следен пат кога ќе сакате да сварите јајце, немојте да го варите во вода. Зовриената вода прска насекаде, лушпата може да напукне и јајцето е тешко да го излупите. Затоа, многу подобро решение е да ги варите јајцата на пареа.
Потребно ви е тенџере со додаток за готвење на пареа и малку вода. Во тенџерето ставете малку вода, а потоа преку додатокот за готвење на пареа распоредете ги јајцата и загрејте ја водата. Ултра врелата пареа делува на ист начин како и зовриената вода на јајцата, единствената разлика е во тоа што на пареа готвењето е понежно. Белките ќе бидат помеки, а жолчката покремаста.
За тврдо варени јајца, варете ги на пареа 10 до 12 минути. вака подготвеното јајце е одлично за салати. Едноставно посолете и додадете мелен црн бибер.
За меко варено јајце, варете околу 6 минути па веднаш оладете го со студена вода.