Зошто јануари е месец на разводи?

По празниците, многумина одлучуваат да стават крај на бракот, па адвокатите јануари го нарекуваат „месец на разводи“.

Во адвокатските кругови, јануари има репутација како „месец на разводи“ затоа што многу парови чекаат да поминат празниците за да стават точка на бракот.

Адвокатот Лора Васер која ги застапуваше Анџелина Џоли, Џони Деп и Ештон Качер, вели дека јануари заслужено има репутација за месец на разводи.

„Точно е дека во првиот месец од годината, особено во првата половина на месецот луѓето најмногу поднесуваат барања за развод“, вели адвокатката.

Вистина, и според аналитиката на Google, пребарувањето на зборот развод е во пораст од 6 до 12 јануари, а студијата од 2016 година која е спроведена во Вашингтон утврди дека бројот на разводи се зголемува во јануари за разлика од декември.

Адвокатката смета дека стресот кој е зголемен во сезоната на празници како и поминувањето време со семејството можат да му наштетат на бракот.

- Откако ќе поминат празниците, многу луѓе помислуваат: „не сакам веќе никогаш да ги поминам празниците со оваа личност“, вели адвокатката.

Освен тоа, таа верува дека желбата на луѓето да внесат промени во животот ги поттикнува луѓето да се разведат уште на почетокот на годината.

Исто така, многу парови размислуваат за развод определен период, но не сакаат за празниците да останат сами, ниту да им ги упропастат празниците на децата со реченицата „мама и тато се разведуваат“, па затоа чекаат додека да поминат празниците.

За оние коишто размислуваат да се разведат, Васер има неколку совети затоа што разводот е тежок, но не мора да биде пеколен.

Имено, таа ве советува да бидете фини кон вашиот партнер, особено доколку имате деца затоа што со партнерот ќе мора да останете во контакт до крајот на животот.

„Потрудете се да потрошите колку е можно помалку пари, како и да го сочувате менталното здравје“, порачува адвокатката.

Исто така, ве советуваат да се информирате пред разводот за да процесот биде што помалку болен.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе