Зошто Јапонија испрати роботи кои скокаат на астероид?

Претходно пишувавме за успешната мисија на Јапонската вселенска агенција за два роботи кои потскокнуваат на астероид, како дел од мисијата Hayabusa 2.

Станува збор за втора мисија на астероид што Јапонија ја направи, плановите се да се испратат примероци од астероидот до Земјата во следните неколку години. Целта е научниците да ги испитаат примероците со софистицирани инструменти, со надеж дека ќе ги откријат најголемите научни мистерии досега.

На 21 септември Јапонија влезе во историјата, стана првата земја која не слета еден туку два ровери на астероид. Роботите веќе испратија фотографии од површината. Интересно за нив е што не се типични вселенски ровери. Тие се малку поголеми од голем iPhone и нема да се возат околу површината туку ќе потскокнуваат.

Јапонија дизајнираше ровери со вртечки цилиндри кои им даваат сила да скокаат неколку метри. Тоа го намалува ризикот да се заглават на карпестата површина. Но, не значи дека не постои ризик. Астероидите се релативно мали и затоа имаат слаба гравитациона сила. Астероидот Ryugu е малечок, со пречник помал од километар и ако роверот скокне премногу високо има можност да одлета во вселената, но,засега мисијата е успешна. Роверите го направија првиот скок. И овие ровери не се единствените што ќе бидат на астероидот, Јапонците имаат план за уште два идната година.

Астероидот соджри слични материјали какви што гледаме на Земјата и научниците се надеваат дека ќе бидат решение за мистеријата за животот на нашата планета, но и доказ за идејата дека потекнува токму од астероидите.

Освен фотографии сега Агенцијата објави и видео:

реклама

Наука

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе